1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бес и сомнеж

Седум години по нападите од 11.09.2001., Американците со низа манифестации се сеќаваат на жртвите. На централниот собир во Њујорк, присуствуваат и кандидатите за американски претседател, Барак Обама и Џон Меккејн.

default

Овде стоеја кулите близначки на Светскиот трговски центар кои се урнаа во нападите од 11. септември

Изградбата на новата Кула на слободата, која никнува на местото каде во нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк беше уништен Светскиот трговски центар, ќе има големи задоцнувања, сметаат надлежните. Барањата за помалку бирократија и поефикасни одлуки стануваат се‘ погласни.

Неколку челични носачи стојат на работ на градилиштето, тука има и кранови. На 15 метри под нивото на улицата, огромните копачи црпат земја.

Седмата година по нападите врз Светскиот трговски центар, местото каде тој се наоѓаше, Граунд Зироу, се‘уште нуди глетка на одвратна ампутациона лузна, која кај Њујорчаните наидува на се‘ помалку разбирање. Еден продавач на сендвичи се лути: „Се‘ што се гледа овде е една голема дупка, во која никој не работи.“

World Trade Center Ground Zero Bauarbeiten

Градежните работи на Граунд Зироу се одолговлекуваат

Такси возач мисли: „Одамна требаше да завршат со изградбата на овој објект.“

Такси возачот зборува за Кулата на слободата, која треба да биде висока 541 метар и да се издига над Менхетехн. Но, и во симболичната моќ на сила на Кулата на слободата не се сите убедени. Ниту овој курир со велосипед: „Овде би требало да стои подобар споменик, таков кој ќе потсетува на жртвите од нападите. “

Временскиот план за изградба на Кулата на слободата е пробиен

Но, бесот и сомнежот ништо не можат да променат. Останува да се гради Кулата на слободата, а останува и прашањето кога таа ќе биде завршена. Во моментов е веќе пробиен временскиот план за изградба на објектот, кој чини 12,5 милијарди евра. До неговото завршување ќе поминат уште една до три години, соопштија властите. Следи значи ново непријатно пролонгирање, зашто тој нема да биде готов ниту до десетгодишнината од терористичките напади во 2011. година. Дури и коригираните термини се под прашалник, предупредува Крис Вард, шеф на надлежните пристанишни власти, кој не сака да се обврзува со цврсти термини.

Touristen starren in die Tiefe

Туристи гледаат во длабоката дупка на Граунд Зироу

„Не треба да се будат погрешни очекувања.“

Уште повеќе што пристанишните власти се само дел од Конзорциумот, во кој има уште 18 други њујоршки служби, 33 архитектонски бироа и 101 градежна фирма. Овој огромен апарат има своја логика, вели градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг: „И по 50 години луѓето треба да можат да кажат дека споменикот бил добро осмислен .“

Но, тоа е мала утеха за роднините на околу 3 илјади мртви во терористичките напади од 11 септември 2001 година. Џенет Титјен, мајка на една жртва, вели: „Се обидуваме да останеме трпеливи. Но чекањето од година во година станува се потешко.“

Барањата за помалку бирократија и поголема ефикасност се се погласни, вели и Дејвид Петерсен, гувернер на државата Њујорк: „Овде е потребна помош и јас сум решен да ја обезбедам.“

Градежниците со скепса гледаат на ваквите најави.

DW.COM