1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бес и разочарување во Русија

Спортската велесила Русија е лута и реагира навредено: по допинг-скандалот дозволено ѝ е да испрати само поединечни спортисти на претстојните Зимските Олимписки Игри. Од друга страна, МОК добива пофалби од Германија.

„Големите нации не одат инкогнито на Олимпијада!" -  вака реагираше рускиот сенатор Франц Клинцевич на исклучувањето на неговата земја од Зимските Олимписки Игри во Јужна Кореја. Не Русија како тим,  туку само на некои поединечни спортисти за кои докажано нема обвинувања за допинг треба да им биде дозволено да се натпреваруваат во Пјеончанг како „неутрални спортисти" под олимпиското знаме. Клинцевич, кој е познат по својот остар говор, во одлуката на Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) гледа не само закана за единството на светот на спортот, туку истовремено и за меѓународната безбедност.

Повеќе на оваа тема:

-Систематски допинг имало, но Путин не знаел ништо

-Русија обвинета за систематски допинг

-Килава одлука на МОК

Бојкот! Оставка на шефот на МОК, Томас Бах! Нема докази! - Разлутени реакции се слушаа вчеравечер во Москва, според одлуката на Меѓународниот олимписки комитет. „Оваа одлука може и треба да се оспори, бидејќи ја одредува судбината на цела генерација на спортисти и тренери", рече претседателот на карлинг сојузот на Русија, Дмитри Свишчев. Државните телевизиски станици во Русија веднаш реагираа и објавија дека нема да ги пренесуваат Зимските Олимписки Игри.

Спортистите под притисок

Резултатите од истрагата на рускиот допинг на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 овојпат нема да ги погодат спортистите, туку спортските функционери и политичари. Националниот олимписки комитет на Русија (РОК) е суспендиран за Јужна Кореја, неговиот претседател Александар Жуков привремено не е дел од МОК. Претставници на руското министерство за спорт се исклучени од ЗОИ во Пјеончанг. Шефот на рускиот фудбалски сојуз, Витали Мутко, кој се смета за еден од главните организатори во допинг-скандалот, дури и е суспендиран за сите идни Олимписки игри - доживотно.

Но, одлуката на МОК, исто така, ги става под притисок и спортистите: тие треба - како што побара пратеникот Михаил Дегтарјев, претседател на спортскиот комитет на Думата - да се соберат на 12 декември и да одлучат дали да одат  на ЗОИ под неутрално знаме или не. Москва секогаш го негираше постоењето на допинг-систем и тврдеше дека станува збор само за изолирани случаи.

Пофалби за МОК

Додека Русија  повторно се чувствува дека е третирана неправедно, реакциите на одлуката на МОК во Германија се позитивни: Националната антидопинг агенција (НАДА) експлицитно ги поздрави санкциите на ИОК: „Одлуката е јасен сигнал за чист спорт", рече претседателката на НАДА, Андреа Гоцман. „ИОК разработи сеопфатни мерки и одлуката претставува пресвртница со јасна порака на ИОК за фер натпревари: допингот нема да се толерира".

 

DW.COM