1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Беспоштедна реторика-секој секому непријател

Политичките партии започнаа со одржување митинзи и промотивни настапи во рамките на изборната кампања за парламентарните избори-секој секому непријател, сите незадоволни, никој не презема одговорност.

Политичките партии во трка за места во Парламентот

Политичките партии во трка за места во Парламентот

На првиот ден од изборните каравани отворени се сите карти, распослан е многу гнев, секој од секого се дистанцира. ДУИ призна дека „коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не беше нормален сојуз, туку изнудено решение“, но ДПА го обвини Али Ахмети дека ги предал националните интереси на Албанците, во сојузништво со премиерот.

„Патриотизам е ако во првите сто денови од новата влада го решиме спорот со името и станеме членки на НАТО, а не да се градат споменици што по пет години ќе ги отплаќаме сите граѓани, по 500 милиони долари годишно“. На оваа критика од Љубчо Георгиевски( ВМРО-НП), засега нема одговор од таборот на довчерешните сопартијци во ДПМНЕ. Од таму обид за очигледно маргинализирање на враќањето во политичката арена на екс-премиерот, кој тврди дека бил најуспешен, со економската политика и стандардот на луѓето, од сите досегашни влади.

Нема ТВ дуел Бранко Црвенковски-Никола Груевски

Во македонскиот блок засега доминантен и понагласен е ривалитетот меѓу Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ и Бранко Црвенковски од СДСМ, што поприма дух на лично дискредитирање. Откако вчера лидерот на СДСМ го повика соперникот на ТВ соочување, премиерот од Охрид, со одбивање: „Немам намера да излегувам на дуел со толку валкана личност“, му порача Груевски на својот политички соперник.

Никола Греувски на митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид

Никола Греувски на митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид

„Што ли не кажа против мене, со што ли не ме исплукал!? И за луѓето од моето семејство, живите и умрените“, реагираше Груевски, по повикот на Црвенковски, од прексиноќешниот протест во Скопје, со фрлена ракавица, да се соочат и да разговараат дури и за историските дострели или улогите на првиот премиер на самостојна Македонија Никола Кљусев и екс-министерот за внатрешни работи, Јордан Мијалков, двајцата блиски роднини на актуелниот шеф на владејачката партија:

„Оваа власт се однесува според принципот – ако не не‘ сакате, барем ќе ни се плашите. Груевски и фамилијата го раскараа народот, не‘ делат на наши и ваши, на предавници и патриоти“.

И во Гостивар Црвенковски настапи како промотор на идејата дека заедно со Груевски ја носат одговорноста за македонската транзиција. Обединети за Македонија и нивниот Љубе Бошковски ги повикаа сите досегашни шефови на влади во земјата да одговорат „каде им се 20-те милијарди долари кои ги присвоиле со своите криминални владеења?“

Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска и Зоран Заев на митинг на СДСМ во Скопје

Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска и Зоран Заев на митинг на СДСМ во Скопје

Кампањата меѓу расипништво и скромност

Освежување во моделите на кампањата понуди младата екипа околу новоформираната Демократска десница на Филип Петровски, која на средбите со избирачите тргнува со велосипеди. Либерал -демократите во центарот на Скопје го промовираа својот концепт на константен дијалог со граѓаните, вели Ивица Боцевски. „ЛДП преку Куќата на модерни идеи планира да биде перманентно во дијалог со граѓаните, на местата каде преку денот ќе престојуваме. Целта е да се отвориме за дебата со секој заинтересиран граѓанин и гласач“.

Наспроти скромноста на помалите, расипништво кај актуелните партии од власта. Тие со масовни митинзи како да сакаат да ја потврдат својата супериорност, особено финансиска. Колони од неколку стотина автобуси возеа кон Охрид, каде две децении традиционално стартува изборниот поход на ВМРО-ДПМНЕ.

Wahlen Mazedonien



Внатреалбански соочувања

Во Скопје пак спортската сала „Борис Трајковски“ беше претесна за приврзениците на владејачката ДУИ, а главните булевари прекуси за сите превозни средства. Внатре-пеколно топло и френетично, надвор со внимание се следеше секој дел од изборниот ритуал.

„Ермира Мехмети –Деваја“, извикуваа промоторите, а таа пак со јасна порака, идентична со нејзиниот партиски шеф Ахмети, изречена подоцна - „Скопје чуј, нема отстапки-НАТО и ЕУ по секоја цена“.

Скопје беше епицентарот на внатреалбанските полемики – ДПА со Мендух Тачи во Кондово настапи со тврдењето дека никој не може да наметне изучување на македонскиот јазик за Албанчињта од прво одделение.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM