1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Беспомошност на политиката

Предлог-резолуцијата во Советот за безбедност со која се бараше од Израел да се повлече од појасот Газа, беше спречена од американското вето. Новинарите пак, извлекуваат еден заклучок: посматрачите и политичарите покажуваат беспомошност:

По којзнае којпат на Блискиот исток оружјето е „најадобар пријател„. Светската политика крева рамеиници

По којзнае којпат на Блискиот исток оружјето е „најадобар пријател„. Светската политика крева рамеиници

Германската канцеларка Ангела Меркел својот став за новата криза на Блискиот исток го соопшти уште за време на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш:

„Почетната точка е грабнувањето на војниците, а втората е од дејствувањето на Хезболах. Затоа сега е многу важно, да се засили владата на Либан која е на добар пат, но и другата страна да се покаже дека овие напади не се прифатливи„.

И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер изрази загриженост од најновата ескалација. Според него, мора да се спречи дестабилизација на Либан при што и Изарел носи одговорност, иако мораше да реагира на грабнувањето негови војници:

„На нашите израелски пријатели им велиме дека имаме разбирање дека секоја земја мора да се брани. Имаме разбирање за тоа дека мораат да се откријат виновниците за грабнувањата. Но, исто така велиме дека во реакциите мораат да се употребат соодветни средства и тоа со посебен поглед кон Либан. Според мене, уништувањето на инфраструктурата не спаѓа во неопходните форми на реакација„.

Во Европската унија не може да се открие заеднички став во врска со кризата на Блискиот исток. Финското претседателство реагираше невообичаено остро, но само од свое име. Хелсински искажа загриженост поради несоодветната употреба на сила од страна на Израел врз Либан, ниту пак може да се оправда блокадата на Либан. Хесболах е повикан веднаш и без услови да ги ослободи двајцата грабнати израелски војници и да ги запре сите напади врз Израел. Не е познато колку членки на Унијата ќе се приклучат кон ваквиот став. Претседателот на Европскиот парламент Жозеп Борел реагираше со слична острина, а таков став изнесе и евро-комесарот за развојна помош Луис Мишел, но подвлече дека зборува од свое име. Ема Удвин, портпаролка на евро-комесарката за надворешна политика Фереро Валднер, од нејзино име соопшти:

„Таа е шокирана од размерите на насилство на обете страни„.

Првиот дипломат на Унијата Хавиер Солана изјави дека бил во постојан контакт со страните во судирот и со генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, најавуваќи и посета на конфликтниот регион.

Денеска се огласи и британскиот премиер Тони Блер:

„Единствениот начин да се извлечеме од кризата е да ја поддржиме мисијата на Обединетите нации, да ја смириме малку ситуацијата и колку што е можно побргу да се вратиме на мировниот план и кон решението за две држави кое ја нуди единствената шанса за мир во иднина„.