1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Беспомошност во Лисабон

Уставниот суд на Португалија делови од буџетот за штедење ги прогласи за неуставни и со тоа го притисна премиерот Коељо до ѕид. Владата мора да најде нови начини за штедење. Но како?

„Ние ја почитуваме одлуката на судот, но мораме и да ги предупредиме Португалците од негативните последици, кои таа ќе ги има по земјата“, изјави портпаролот на премиерот Луис Маркес Гуедеш по кризната седница на кабинетот.

Португалија со ветото на судиите против делови од пакетот за штедење повторно ја губи довербата во странство, која земјата макотрпно ја поврати меѓу вложувачите и инвеститорите. Затоа нема согласност со одлуката на судиите.

Конзервативно- либералната владејачка партија ПСД изрази „голема загриженост“. „Практично немаме простор за делување“, изјави политичарката од редовите на ПСД, Тереза Леал Коељо. Водачот на социјалистичката опозиција Антонио Хозе Сегуро побара оставка на владата и нови избори.

Премиерот Педро Пасос Коељо уште во текот на ноќта побара средба со претседателот Анибал Кавако Силва. Силва, кој имаку е партиски пријател на Коељо, ја поддржа тужбата пред Уставниит суд. Претседателот неговата тужба ја образложи со тоа дека буџетот буди „оправдан сомнеж во праведноста при распределбата на жртвите“.

Силва одбива нови избори и нагласи и по неговата средба со премиерот дека владата е легитимирана во целосен опфат да остане на власт. Премиерот Коељо мора да најде патишта и покрај масовните протести од населението и опозицијата, за да ги исполни условите од ЕУ и ММФ. Тој за вечерва најави изјава за состојбата во оваа кризна земја на еврото.

Повеќе од три месеци судиите во земјата се советуваа и доцна синоќа ја донесоа пресудате: Четири одлуки за штедење во буџетот за 2013 година се противуствани, меѓу нив и кратења на парите за одмор за службениците и вработените во јавнито сектор и за пензионерите како и кратењата на помошта на невработените и паричниот надомест за боледување.

Според проценките на португалските весници на тој начин на владата ќе и‘ недостасуваат 1,3 милијарди евра.

Презадолжената Португалија на средината на мај 2011 година доби ветување од државите на еврото и ММФ за кредити во висина од 78 милијарди евра, за да избегне банкрот. Тогашната влада од своја страна се обврза на строг курс на штедење и мерки за приватизација.