1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бесплатни концерти во келнските киосци

Најпрво пералниците и фризерските салони во Келн беа претворени во кабареа. А тогаш музичарот Дромо Илуву ги претвори киосците во концертни сали.Кој вечерта ќе стои на бина, никој не знае.Се´ се одвива според случајност.

default

Концерт во киоск во Келн

Кога музичарот Дромо Илуву ќе влезе во киоскот, купувачите, освен што можат да купат весници или кутија цигари, доживуваат вистинско изненадување. Ги дочекува група музичари и звук на гитара, усна хармоника или саксофон. Се аплаудира, танцува, пее, одекнува смеа. Расположение – кое не може да биде подобро. Така киоскот станува подиум, на кој уметниците ги изведуваат своите точки. Публика се сите случајни минувачи кои запираат за да му се нагледаат на ваквото чудо.

Оваа вечер Илуву настапува во еден киоск во келнскиот кварт Еренфелд. Пред киоскот има мноштво луѓе. Некои стојат, некои клечат, а некои седат на пивските сандаци. Минувачите љубопитно гледаат низ стаклото на продавницата, во која, Илуву, творецот на оваа идеја, повторно организира концерт. Влезот е бесплатен, а сцената е отворена. Кој сака може нешто да отсвири, прочита или да изведе некоја друга уметничка точка. Бината не го заслужува ова име. Илуву и неговите пријатели распослале картони и пакети весници, наредиле неколку гајби една покрај друга и една врз друга. „ Целиот проект живее, значи потолно се заснова на спонтаност. Секој кој сака може да настапи, да видиме што ќе се случи вечерва,“ вели Дромо Илуву.

Спонтано како што протекнуваат вечерите и концертите во киосците е родена и идејата за овој вид настапи. „ Кога пред година и половина бев во мојот омилен киоск, сопственикот ме праша, да ли имам волја нешто да засвирам. Купувачите беа одушевени, идејата беше родена. А тогаш тргнавме во реализација на бесплатните концерти”, раскажува музичарот.

Заедно на бината:музичари, глумци, поети..

Kiosk Konzerte in Köln

Од раѓањето на идејатa, 50 различни уметници настапија во киосците во сите делови на градот. Изведувачите не беа само музичари, туку и поети и глумци. „ Никогаш не се знае во што ќе се претвори вечерта“, вели Силке Бранд, која штотуку слезе од бината. По неа на бината настапи саксофонист внесувајќи меланхолично расположение. Уметникот заедно со публиката седи на пивските гајби. Иако овие импровизирани „седишта“ не се најудобни, за бесплатниот влез се´ се поднесува. Пиењето и грицкалките можат да се купат во самиот киоск. Публиката се забавува и надвор од киоскот, а кога ќе се случи некој купувач зачудено да стапи во киоскот, никој не се чувствува изритиран. Напротив, сите присутни ги забавуваат зачудените лица на новајлиите.

Филип Суес е студент кој со гитара редовно настапува во киосците. Посебно го привлекува неверојатно добрата атмосфера. „ Во публиката имате лекар, која сакал да купи чипс, но и такви кои мечтаат или скитници кои едвам составуваат крај со крај и кои сакаат само да купат пиво. Овде музиката ги спојува различните луѓе”, вели овој келнски студент.

Илуве, „менаџер“ на проектот киоск- концерти, најавите за настапите во киоскот ги праќа и преку интернет. Му пречи што културата во Германија е така скапа и чини многу пари. Негова цел е музиката да им се приближи на луѓето, посебно на оние, кои не можат да ја платат. Неговиот модел се покажал како успешен, бидејќи сите негови спонтани концерт – вечери во киосците на Келн досега биле полн погодок.

Автор: СБ/СН/ЈР/дпа

Редактор: Симе Недевски