1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бескомпромисност во протестниот камп на Муслиманските браќа

И покрај меѓународното посредување, Муслиманското братство и натаму инсистира поранешниот претседател Мохамед Мурси да се врати на чело на државата. Во неговиот протестен камп нема место за компромис.

По 6 недели постојан протест, најголемиот протестен камп на исламистите во Каиро се промени: Влезот во кампот изгледа како тврдина. Многубројните вреќи со песок и заварените челични ѕидови служат како заштита од напади и куршуми. Над влезната порта висат портрети на соборениот од власт претседател Мурси и шарени транспаренти со прашања како на пример „Каде заврши мојот глас на изборите?“

Внатрешноста на кампот потсетува на мал град. Преку ден таму живеат десетина илјади луѓе во шатори кои ги подигнаа самите. Има пекарница која ја водат жените, месарница и џамија во која е сместен и центарот за печатење.

Таму своето време го поминуваат многубројни високи функционери исламисти. Еден од нив е и Ајман Абдел Гани. Тој е член на Претседетелството на Партијата за слобода и еднаквост. И покрај бројните меѓународни дипломатски напори во преговорите со Муслиманските браќа да се најде решение за кризата, Ајман Абдел Гани останува при официјалниот став на својата партија: „Ја поздравуваме секоја сериозна иницијатива на ЕУ и останатите. Но таа би требало да се состои од три работи: повторно враќање на претседателот, парламентот и промена на Уставот.“

Baeckerei des Protestcamps der Islamisten in Kairo

Пекарницата во протестниот камп на Муслиманските браќа



Војската не сака да преговара

Одделни набљудувачи поаѓаат од тоа дека Муслиманското братство е свесно за тоа дека Мурси нема да биде вратен на функцијата претседател и дека на големо се расправа за компромисно решение. Сепак, мнозинството демонстранти и натаму го означуваат враќањето на поранешниот претседател како нешто за што не може да се преговара. Ќе демонстрираме додека не го постигнеме тоа, вели Наима која работи во пекарницата во кампот. Ако престанат да протестираат, додава опкружена со други жени, силите на безбедност ќе ја убијат или притворат.

Стравот на луѓето не е измислен. Во прилог на тоа зборуваат и брановите апсења и насилството на полицијата и војската во текот на изминатите седмици.

Сепак, постои и мал број демонстранти кои се подготвени на компромис. Студентот Мухамед не инсистира тврдоглаво на враќање на Мурси, тој би прифатил компромис: „Постои решение, а тоа е војската да ни пружи рака за преговори. Но таа не сака да преговара со Муслиманското братство и салафистите. Тие ја користат ситуацијата да се ослободат од сите нејзини непријатели, тие нас не гледаат како непријатели.“ Државниот апарат и медиумите создадоа клима во која е речиси невозможно да се критикуваат постапките на војската и полицијата, а притоа да не бидете обележни како исламисти, вели Мухамед. Тврдоглавото однесување на демонстрантите им го припишува пред се' на лидерите. Тој верува дека мнозинството би го напуштиле кампот кога нивните лидери би постигнале договор со војската- ако е неопходно и без враќање на Мурси. За тоа војската мора да покаже добра волја и да ги ослободи исламистите.

Виновно е Муслиманското братство“

Metzgerei des Protestcamp der Islamisten in Kairo

Во протестниот камп на исламистите во Каиро има и месарница



Канцеларијата на претседателот на Египет соопшти во средата (7.8.) дека пропаднале меѓународните дипломатски напори во преговорите со Муслиманските браќа да се најде решение за кризата во земјата. Претставниците на САД, ЕУ и на земјите од Персискиот залив се обидоа да најдат решение за односите меѓу привремната египетска влада и симпатизерите на поранешниот претседател Мохамед Мурси, кој потекнува од исламистичката организација Муслимански браќа.

Владата тоа движење го обвинува за пропаст на преговорите, бидејќи како што вели не е подготвено на компромис. Муслиманските браќа како услов за преговори го наведуваат одлободувањето на Мурси. Привремената влада може само со него да разговара. Слобода за Мурси побараа и американските сенатори Греам и Меккејн. Со затвореници не може да се преговара, порачаа тие. Но Меккејн беше уште појасен: „Рековме и дека поранешниот претседател е исфрлен во држаен удар.“

Тое е сигурно спротивно на она што неодамна можеше да се слушне од САД. Привремената влада во Египет зборува за провокација. Таа е уверена дека на почетокот на јули морала да се вмеша за да ја заштити земјата од хаос. Но привремената влада и на меѓународните посредници им забрани да разговараат со Мурси.