1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесими на средби со високи претставници на НАТО

Македонскиот министер за одбрана престојува во посета на Брисел каде има средби со високи преставници на НАТО. Бесими ќе престојува и во Монс каде ќе се сретне со Врховниот комaндант на Сојузничките сили-Европа.

Како што е најавено и официјално македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими денеска (28.01) ќе се сретне со заменикот генерален секретар на НАТО, Александер Вершбоу, како и со помошникот генерален секретар на Алијансата задолжен за нов безбедносни предизвици, Габор Иклоди.

Во седиштето на Алијансата, тој ќе има средба и со американскиот амбасадор во НАТО, Иво Далдер, како и со турскиот амбасадор Хајдер Берк, чија земја е контакт амбасада на НАТО за Република Македонија. По овие средби, според најавите, македонскиот министер за одбрана ќе замине и во градот Монс на средба со Врховниот командант на Сојузничките сили-Европа, адмиралот Џејмс Ставридис.

Посетата на министерот Бесими е во функција на интензивната дипломатска активност на Македонија во европската престолнина, а во насока на лобирањето за земјата, претставувањето на постигнатите резултати во реформите во одбранбено-безбедносниот сектор, како и продлабочување на досегашната плодна соработка на Министерството за одбрана и АРМ. Најавено е дека на овие средби ќе бидат споделени предлози и мислења за престојниот ангажман на земјите членки на НАТО пост-Авганистан, а ќе биде искажана и подготвеност земјата да даде свој значаен придонес преку конкретни проекти и лица. Воедно, се очекува и да се разговара за интензивирање на регионалната соработка во областа на одбраната, која е приоритет за Министерството за одбрана за оваа година.

Поврзана содржина