1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесими на средба со Панета

Македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими од утре (10.04) ќе престојува во посета на САД. Предвидено е негова средба со секретарот за одбрана на САД, Леон Панета.

Македонското министерство за одбрана информираше дека на средбата меѓу министрите за одбрана на Македонија и на САД, Фатмир Бесими и Леон Панета се очекува да стане збор за плодната билатерална соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, а воедно недвосмислено ќе биде потврдена и заложбата на државата за имплементација на континуираните реформи во сферата на одбраната и на безбедноста, како и заложбата за комплетирање на процесот за евроатлантско интегрирање.

US-Verteidigungsminister Leon Panetta

Секретарот за одбрана на САД, Леон Панета

Во Пентагон ќе бидат разменети и мислења поврзани со очекувањата од претстојниот самиот на НАТО во Чикаго и интеграциите на Македонија во Северноатланската Алијанса, соопштија во министерството.

Предвидена е посета на Вермонт

Министерот Бесими ќе ја предводи делегацијата од министерството за одбрана на Македонија на Годишните билатерални одбранбени консултации со САД на кои ќе се разговара на повеќе теми од взаемен интерес, како и за концептот „паметна одбрана“, транзицијата на мисијата во Авганистан и регионалната соработка.

Во рамки на работната посетата министерот Бесими ќе се сретне со гувернерот на Вермонт, ќе оствари дополнителни средби во парламентот на оваа сојузна држава, а ќе го посети и универзитетот на Вермонт – Норвич. Во рамките на посетата на Вермонт, министерот Бесими и делегацијата ќе учествуваат на Конференцијата за професионален развој во организација на Бирото на Националната гарда на Вермонт.

„Преку серијата активности и разговорот меѓу Панета и Бесими се очекува да се потврди стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД“, велат од македонското министерство за одбрана.