1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесими на средба со Аврамопулос

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос закажал средба во Атина со македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими.

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими на 8 мај ќе ја посети Атина и ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос.

Како што соопшти кабинетот на Бесими, на средбата ќе се разговара за билатералната соработка и за европските интеграции. Претходно денеска, како што јави дописникот на МИА од Атина, посетата на Бесими на Атина ја најави грчкото Министерство за надворешни работи.

Други детали за претстојната средба на Бесими со Аврамопулос не се соопштени.