1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесими: До декември треба да има напредок во спорот за името

До декември треба да се направи напор да има напредок во разговорите за името за да може да се валоризира петтиот по ред позитивен Извештај на ЕK за напредокот на РМ, оцени вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими смета дека е добро што Македонија петта година по ред добива препорака за почеток на преговори со Европската унија:

„Не треба да се откажеме од нашата цел Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Исклучително е важно да се искористи моментумот за Македонија да ги реализира реформите, но и за надминувањето на спорот за името со нашиот јужен сосед.

Во Извештајот се нагласува дека е важно што поскоро да се најде решение за прашањето со името и се алудира дека Западен Балкан останува во интересот и агендата на Унијата. Затоа е неопходно да создадеме амбиент и клима за надминување на спорот“, посочи Бесими, одговарајќи на прашање по обраќањето на симулацијата „Модел Европски парламент“, во Скопје.

Според Бесими, „добро е што следната недела од страна на медијаторот Метју Нимиц се закажани разговори за прашањето со името во Њујорк“. „Апелирам тоа да се искористи, бидејќи е важно до декември да има одреден прогрес во разговорите за да може препораката да се ефектуира на Советот на Европската унија. Покрај преговорите во ОН, од корист ќе биде во надминувањето на проблемот да има и поголема вклученост од меѓународната заедница и земјите членки на ЕУ и НАТО кои можат да дадат свој придонес“, изјави Бесими.