1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бесими апелира до меѓународната заедница да помогне во спорот со Грција

Потпретседателот на македонската Влада за европски прашања Фатмир Бесими, ги повика пред сѐ ЕУ и НАТО, да интервенираат во 20-годишниот спор за името и да и помогнат на земјата да излезе од ќор-сокакот во кој се наоѓа.

Етничките албански граѓани во Македонија ги повикуваат странските лидери да и помогнат на земјата да најде решение на спорот за името со Грција и да ги почне пристапните преговори со ЕУ, пишува порталот „Еурактив“.

Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, во интервју за порталот ги повика ЕУ и НАТО, да интервенираат во долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија за името, и да и помогнат на земјата конечно да го продолжи патот во евро и евроатланските интеграции.

Сегашната ситуација стана предизвик за нашата земја, очекувања станаа различни во различните етнички групи, изјави Бесими.

Според него, „албанската заедница е незадоволнa од недостигот на напредок во интеграцијата во ЕУ и Албанците чувствуваат дека напредокот кон ЕУ ќе ги зголеми можностите за работа и ќе ги унапреди нивните права, во време кога невработеноста сѐ уште е голема“.

„Ние ќе продолжиме да разговараме со нашиот сосед, Грција, во рамките на ОН, но потребно ни е меѓународната заедница да помогне во овој процес, без разлика дали се тоа институциите на ЕУ, земјите-членки, НАТО или САД. Не прејудицирам формат, но видовме како ЕУ успешно се вклучи во билатерални спорови како што се Србија и Косово или Словенија и Хрватска“, порачал вицепремиерот.