1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Берлускони ја губи поддршката во својата партија

И во сопствените редови расте притисокот врз Силвио Берлускони да отстапи од курсот на конфронтација против премиерот Енрико Лета. Повеќемина сенатори од партијата на Берлсукони се заканија со формирање сопствена партија

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој форсира владина криза во земјата, сѐ повеќе самиот е изложен на притисок. Дваесет сенатори од неговата Партија на народот се заканија дека ќе формираат сопствена партија, доколку Берлускони не се повлече од неговиот курс. Одлуката на 77-годишниот Берлускони, да го разниша кабинетот на премиерот Енрико Лета, со тоа што повлече пет министри на Партијата на народот од владата, доведе до тензии во неговата сопствена партија.

Во умереното крило на Партијата на народот владее големо негодување за таа одлука. Министрите кои беа принудени на оставка се изјаснија дека имале големи задршки при сороведување на наредбата.

Берлускони меѓутоа и покрај ваквите негодување најверојатно останува на својот став и им забрани на сопартијците да зборуваат. По една кризна средба на Партијата на народот вчеравечер, Берлускони рече: „Валканата облека ќе се пере дома“. Тој предупреди дека нема да толерира „предавници“. „Нашиот владин експеримент е завршен“.

За да го спаси владиниот сојуз, италијанскиот премиер Лета утре (02.10) во парламентот во Рим ќе побара изгласување на доверба. Тој се надева дека од Партијата на народот ќе има претставници кои ќе се спротивстават на одлуката, за да се спречат нови избори. Претседателот на Италија Џорџо Наполитано, исто како и Лета, е против нови избори и во меѓувреме започна кризни разговори.