1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Берлускони очекува помилување

Италијанскиот екс-премиер Силвио Берлускони, кој в среда веројатно ќе биде исклучен од Сенатот поради казната за даночни измами, очекува претседателот Џорџо Наполитано да го помилува, без тој да го моли за тоа.

Според Берлускони, Наполитано требало да го направи тоа без да ја спроведува нормалната процедура, која е задолжителна.

„Претседателот не треба ниту за миг да се колеба за ова прашање, туку треба да го преземе чекорот со кој ќе ја укине мојата казна за општествено корисна работа, без дури и јас да го молам за тоа, затоа што јас имам достонство да не го молам за вакво нешто“, изјави Берлускони на средбата со младите приврзаници на партијата Форца Италија.

Поранешниот премиер ќе треба да работи обштествено корисна работа како казна за даночните измами. Оваа казна тој ја оцени како наредба да ги чисти јавните тоалети, со што се сакало да се изложи на потсмев не само тој, туку и цела Италија.

Берлускони изјави дека гласањето за негово исклучување од Сенатот, в среда, претставува државен преврат и подвлече дека нема да ги остави нештата без да им се спротистави. Поранешниот премиер се зарече дека ќе премине во опозиција доколку сенаторите гласаат тој да биде исклучен од Сенатот. Тој подвлече дека нема да поднесува оставка како сенатор пред гласањето. Се очекува Берлускони да биде исклучен од Сенатот затоа што предлогот ќе биде поддржан од Демократската партија на премиерот Енрико Лета и Движење пет ѕвезди на екс-комичарот Бепе Грило.

Заканите на Берлускони дека ќе мине во опозиција, меѓутоа, не претставува опасност за кабинетот на Лета, тврдат аналитичарите.