1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Берлускони осуден на четири години затвор

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е осуден на затворска казна поради затајување данок.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска беше осуден на казна затвор од четири години поради затајување данок поврзано со неговите телевизиски канали од групацијата „Медиасет“. Судот во Милано на Берлускони му изрече и забрана за вршење јавна функција во период од три години.

Берлускони беше обвинет дека вештачки ги качувал цените за дистрибуција на филмски права купени од страна на нафтени компании, а потоа препродавани назад на „Медиасет“.