1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Берлускони ослободен од обвинувања

Силвио Берлускони

Силвио Берлускони

Судот во Милано го ослободи италијанскиот премиер Силвио Берлускони од обвинувањата за корупција во еден случај, а во друг го прогласи случајот за застарен. Одлуката на судот е донесена по повеќе од 24 часовно заседание на судот. Берлускони не беше присутен во сала кога пресудата беше објавена. Во соопштение кое се состои од само два реда, а е објавено вчеравечер во Рим, тој вели дека е радосен поради одлуката на судот. “Подобро доцна, отколку никогаш“, констатира Берлускони и наведува дека бил опуштен во очекување на пресудата затоа што не направил ништо погрешно. Еден од адвокатите на Берлускони изјави дека со ова е ставен крај на десетгодишната постапка, покрената од обвинителството кое бараше осум години затвор за италијанскиот премиер. Берлускони беше обвинет дека во 80-тите години преку посредник дал мито на еден судија во Рим за да добие пресуда во своја полза околу продажбата на концернот СМЕ. Во 1985 година продажбата на концернот за прехранбени производи СМЕ во раце на конкурентот на Берлускони,Карло де Бенедети, беше стопирана и беше донесена одлука во полза на групација на

Берлускони. Сепак, до купување не се дојде и консернот подоцна е породаден на делови. Што се однесува дослучајот кој е прогласен за застарен, Берлускони беше обвинет декка поткупил судија за да му биде дадена поддршка во случај на казнена судска постапка.