1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Берлин ќе и‘ продаде тенкови на Индонезија

Германската влада даде зелено светло за спорната продажба на тенкови за Индонезија. На Индонезија треба да и‘ бидат продадени 164 тенка и покрај критичната состојба со човековите права во таа земја.

Според наводи на „Шпигел Онлајн“, германскиот концерн за оружје Рајнметал добил дозвола од Сојузниот безбедносен совет за извоз на 104 тенкови од типот Леопард 2 и неколку други видови оклопни возила. Тоа произлегува од одговорот на Владата на прашање поставено од страна на пратеникот на Зелените, Катја Којл.

Интересот на Индонезија за германски тенкови е познат подолго време. Индонезиската влада уште минатата есен наведе детали за планираниот договор за купопродажbа, но Рајнметал досега молчеше. Продажбата на тенкови за Индонезија е спорна поради состојбата со човековите права во таа земја. Зелените, Партијата на левицата и борците за човекови права стравуваат дека тенковите би можеле да бидат употребени во конфликти со етничките малцинства.

Прво беше планирано Индонезија да купи холандски тенквои, но мнозинството во холандскиот парламент гласаше против ваквата зделка на почетокот на минатата година, укажувајќи притоа на повредите на човековите права во Индонезија.