1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Берлин – француски импресионисти

Германскиот претседател Хорст Келер вчера во Берлин ја отвори изложбата со дела на француските импресионисти позајмени од Метрополитен музејот во Њујорк. На изложбата можат да се видат дела на Сезан, Моне, Гоген и други големи мајстори. На изложбата што ќе трае до 7 октомври се очекуваат повеќе од половина милион посетители.