1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлин - светот во мало!

Во престолнината по 15 пат се оддржува Карневалот на културите од светот, на кој годинава учествуваат над 4.800 танцувачи и музичари од 70 нации кои живеат во Берлин и скоро милион гледачи.

default

Стартот на поворката на годинашниот петнаесетти по ред Карневал на културите од светот во Берлин го означи германско-бразилската танчерска група „Алохе Лони“. Бело-жолтите костуми, тапаните и ведрината на танцувачите и покрај облачното време уште еднаш потврди дека Берлин можеби не е Рио, но е врвот на оригиналните костуми, музиката, танцот и доброто расположение.

Слика за престолнината

„Карневалот значи многу за Берлин. Тој дава слика за

Karneval der Kulturen

По 14 години во публиката Ренате годинава е дел од танцувачите

националностите кои тука живеат и тие се многу повеќе одошто човек може да си претпостави. Берлин не се Берлинчаните и Турците, туку многу повеќе и убаво е кога еднаш годишно сите можат да се видат на улица“, вели Ренате која првпат е учесник во поворката, но како што кажува, изминативе 14 години била редовно во публиката. Пред милионите Берлинчани и гости на престолнината, продефилираа

Karneval der Kulturen

Фантазија и шаренило на бои, костуми, танцувачи и музики....

над 4.800 музичари, танцувачи, акробати во вкупно 94 формации. Тоа се претставници на 70 нации кои живеат во престолнината. Ги имаше од Бразил и Тринидад, преку Боливија, Перу Индинезија и Тобаго, до Полска и Хрватска...

„Мојот костум тежи 15 килограми и тоа е најлесната варијанта. А, подготовките за Карневалот се знае беа строги: секој ден спорт, здрава храна - зеленчук и само зеленчук... и никаков алкохол,“

Karneval der Kulturen

Костумите со месеци се креирани!

објаснува Соња де Оливиера, водач на истоимената група која доброто расположение и самбата редовно ги пренесува на берлинските улици.

Шаренилото на боите, измешаните звуци од Африка, Азија, Јужна Америка, но и од Балканот преку хрватската група за танци и спорт, тапаните, дувачките инструменти, се‘ тоа може да се доживее во берлински Кројцберг.

Тука се, меѓутоа, и акробатите од „Дулсе Компани“, во преубави костуми на два и половина метри високите дрвени нозе. Карневалската поворка ќе трае до доцна во ноќта, а учесниците мораат да имаат здрави нозе и добра кондиција да го издржат темпото и живиот ритам.

Karneval der Kulturen

За уметноста мора да има жртви

За бројните гледачи кои го придружуваат карневалот нема проблем. Има стотина импровизирани киосци каде може да се купи храна, вода и пијалок, а поставени се и повдвижни тоалети. Како ќе преживеат пак акробатите на три метри височина е приказна за себе, за што Мартин шегобијно објаснува:

„Ако треба да се оди во клозет, е тогаш е проблем. Мора да се воздржиме. За уметноста, мора да се жртвуваме“.

За уметноста и добрата забава денес „ се жртвуваат“ над милион граѓани на престолнината, за кои Карневалот на културите стана дел од тртадицијата и имиџот на светскиот град.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска