1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Берлин: Пријателите не се шпионираат меѓусебно

Информациите дека американските тајни служби шпионирале во многу поголем обем отколку што се претпоставуваше, предизвикаа бран големи негодувања во Берлин. Погодени се и германската влада и ЕУ.

Германската влада со изненадување ги прими последните медиумски извештаи за американската шпионажа на податоци во Европа. Ова го соопшти владиниот портпарол Штефан Зајберт во Берлин. Овој став бил пренесен и во Белата куќа. Меѓутоа пред да бидат преземени натамошни чекори, мора да се разјаснат фактите. Доколку се потврди, дека биле прислушувани дипломатските претставништва на ЕУ и поединечни земји, тоа не би можело да се прифати. „Прислушување на пријатели, тоа е неприфатливо, тоа воопшто не оди. Ние повеќе не се наоѓаме во Студената војна“, рече Зајберт.

Освен ова германската влада се залага за еден усогласен став на Европската унија. Канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со францускиот претседател Франоса Оланд и исто така Министерството за надворешни работи ја усогласува германската реакција со европските партнери. „Европа и САД се партнери, пријатели, сојузници. Оттука довербата мора да биде основата на нашата соработка. По однос на ова прашање мора повторно да биде воспоставена довербата“, подвлече портпаролот Зајберт.

USA Hauptquartier NSA Fort Meade

Главното седиште на НСА

Неделникот „Шпигел“ во своето последно издание информираше дека и европските институции биле шпионирани од американската тајна служба НСА. Во претставништвото на ЕУ во Вашингтон биле поставени уреди за прислушување, и исто така влади во Европа не биле сосема безбедни од прислушување. Надгледувана била и канцеларката Меркел, како и милиони други герамански граѓани, чии телефонски и интернет врски биле шпионирани. Севкупно НСА секој месец меморирала половина милијарда податоци на воспоставени врски во Германија.

Германската влада многу сериозно ги зема овие информации, изјави портпароот Штефан Зајберт. Канцеларката Меркел разговрала со претседателот Барак Обама на оваа тема при неговата неодамнешна посета на Берлин. Таа притоа го застапувала гледиштето дека „сите ние посакуваме безбедност, но посакуваме и нашата приватна сфера да биде заштитена“. Овие две потреби мораат да бидат избалансирани.

Опозицијата бара објаснување

Помалку воздржано реагираше опозицијата. Таа побара брзи и видливи мерки на германската влада. Кандидатот за канцелар од редовите на социјалдемократите, Пеер Штајнбрик, е огорчен од размерите на надгледувањето и оцени дека е сериозен случај. Тоа во пријателски врски е незамисливо и далеку ги надминува легитимните безбедносни интереси на САД.

Тој побара од канцеларката Ангела Меркел да се погрижи за брзо расветлување на случајот: „Ние живееме во правна држава и верувам дега обврска на германската влада е да ја штити оваа правна држава. Оттука сега очекувам да има не само учтиви прашања до САД и Велика Британија.“ Наместо тоа германската влада би морала да воспостави владини консултации со САД и Велика Британија. Се' додека ситуацијата не се разјасни и не прекине шпионирањето на европските институции, Европската унија не би можела да води преговори за договорот за слободна трговија со САД.

Edward Snowden

Поранешниот американски таен агент Сноуден ја обелодени шпионажата

Исто така и претседателот на пратеничката група на Зелените, Јирген Тритин изјави дека преговорите за договорот за слободна трговија можат да се одвиваат, само кога би било јасно дека тајните на претпријатијата нема повеќе да се пробиваат. „Американците се однесуваат токму онака, за што ги обвинуваат Кинезите, велејќи: Тие го шпионираат нашето стопанство“. Тритин се заложи да се прекине постоечкиот договор за размена на банкарски и податоци на воздушниот сообрќај. „Не може да се дозволи секој граѓанин да биде осомничен“, дополни шефот на Зелените Џем Ездемир. Германската влада мора да разјасни дали знаела за размерите на надгледувањето. Ова прашање е упатено и до германските тајни служби.

Шефот на пратеничката група на партијата на Левите Грегор Гизи побара вонредна седница на Бундестагот уште оваа недела. Тој напиша писмо до претседателот на Парламентот, Норберт Ламерт. Германската влада би морала пред пратениците да презентира, во кој опсег „и' биле познати размерите на оваа единствена и опсежна шпионажа на нашето население и нашето стопанство“, смета Гизи.

Германскиот новинарски синдикат го критикуваше надгледувањето на податоците за електронски врски на новинарите од страна на НСА. На овој начин заштитата на информациите станува фарса, рече претседателот на Германскиот новинарски синдикат (DJV) Михаел Конкен. Тој од германската влада побара да се заложи веднаш да запрат мерките на надгледување и да бидат избришани податоците. Новинарите, чии податоци биле шпионирани, би морале да бидат информирани за тоа колкав временски период и во кој опсег биле надгледувани. „Очекуваме апсолутна транспаренснтост“, рече Конкен.