1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Берлин потресен од смртта на папата Јован Павле Втори

И политичарите од владата и од опозицијата го оценија папата не само како најважен поглавар на католичката црква,туку пред се како борец за мирот и правдата во светот

Свеќи за папата пред Ватиканската амбасада во Берлин

Свеќи за папата пред Ватиканската амбасада во Берлин

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер ја означи смртта на папата Јован Павле Втори како голема загуба за целиот свет.„Со него католичката црква губи голем папа,примерен службеник на неговата црква и христијанин со единствена веродостојност“,напиша Келер во телеграмата до кардиналот Јозеф Рацингер,декан на Католичкиот кардиналски колегиум.

„Јован Павле Втори беше пример за сите нас,Германците нема да заборават со каква решеност,консеквентност и со каков дипломатси осет тој ги инспирираше и следеше слободарските движења во Источна Европа.Папата од почетокот го поддржуваше и го поздравуваше германското обединување“, Келер потсети на поминувањето на папата низ отворената Бранденбуршка порта во 1996 година,нешто што останува незаборавно.

„Папата Јован Павле Втори преку неговите дела и преку својата силна влијателна личност го промени светот.Повеќе од половина век Јован Павле Втори беше високо почитуван и омилен поглавар на римокатоличката црква преку неговите безусловни и неуморни залагања за мирот,за човековите права,за солидарноста и социјалната правда за кои се бореше“,се изјасни германскиот канцелар Герхард Шредер во пораката до кардиналот Рацингер.„Папата ја пишуваше историјата,со тоа што секогаш повторно се залагаше за наоѓање решенија за проблемите на човешството со признавање и респект кон културите и традициите на народите.“

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер го означи починатиот папа како посебна личност.„Неговите заслуги придонесоа во мирниот демократски пресврт во Средна и источна Европа до повторното обединување на Германија,па до надминувањето на поделбата на Европа,“изјави Фишер.

„Папата не само што покажа солидарност,туку беше и активен во наоѓањето решенија во конфликтите и се залагаше за обезбедување на светскиот мир.“

Длабоко потресен од смртта на папата е и германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили.Тој постојано бил под впечатокот на харизмата,на длабоката верба и човечноста на папата Јован Павле Втори.„Христијаните со него не загубија само религиозен водач,туку и човек кој беше заговорник за слободата и помирувањето“,се изјасни Шили.

Шефицата на германските демократски христијани,Ангела Меркел изјави:

„Светот загуби не само голема личност во црковната историја,туку и личност чии дека ќе заземат високо место во целата светска историја.Не случајно Јован Павле Втори беше персонифициран како светски мудрец.“

И за шефот на ЦСУ и покраински премиер на Баварија Едмунд Штојбер ,„папата е најуверливата и најфасцинантна личност на нашата епоха,еден од најголемите папи воопшто.И животот,и стрдањата и смртта на папата се личен пример за сите нас.Токму во време кога на христијанските корени и вредности им се заканува опасност,Јован Павле Вори со своите јасни позиции на луѓето во целиот свет им даде поддршка и ориентација“,оцени Едмунд Штојбер.

Слични оценки изнесоа и повеќе други германски политичари од други партии.

Поврзана содржина