1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Берлин очекува решение на несогласувањата до јуни

Германската канцеларка Ангела Меркел и покрај критиките од Полска и Чешка очекува до крајот на јуни да бидат решени разликите околу уставот на ЕУ. Портпаролот на владиниот кабинет во Берлин, Улрих Вилхелм изјави дека следуваат многу тешки недели. Тој нагласи дека германското претседателство со Унијата очекува 27 земји членки да постигнат согласност. Ангела Меркел на вчерашната прослава по повод 50 годишнината од Римските договори, побара уставната криза да се реши до 2009 година, а веќе во јуни да се одржи конференција на која ќе се постават насоките за решавање не проблемот.