1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Берлин очекува зголемување на стопанскиот пораст

Сега е официјално - германската влада очекува пораст на стопанството од 1,7 проценти за идната 2014 година.

Бројките од објавената есенска прогноза не се ништо ново. Уште од вчера (22.10) во јавноста продреа информациите, но сега е официјално - германската влада очекува пораст на стопанството од 1,7 проценти за наредната година. Според прогнозата, извозот би требало да забележи пораст од речиси четири проценти, додека приватните давачки на конзументите за еден процент.

Сѐ е прашање на добра политика?

Новото, меѓутоа, е тоа што германската влада исто така соопшти и кој е одговорен за добрата вест: Имено, таа самата! „Сегашната влада остава добро поставен терен“, изјави извршителот на должност министер за економија Филип Реслер (ФДП). Коалицијата од партиите на Унијата и либералите, која впрочем на неодамнешните избори не доби легитимација од граѓаните да продолжи да ја води државата во ист состав, ги постави рамковните услови така да бидат растоварени претпријатијата и работата, на пример со даноци или придонесите за социјално осигурување.

Реслер упати и апел до новата влада да се надоврзе на успесите на владата на која ѝ припаѓаше и неговата партија, така што германската економија да остане успешна и во наредните години.

За тековата година владата во Берлин очекува само благ порст од 0,5 проценти.

Есенската прогноза на германската влада и експертизата на економските институти се основа за наредната службена проценка за приходите од даноците на почетокот на ноевмри.