1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлин - магнет за музичката индустрија

Во Берлин има околу 1.400 претпријатија со повеќе од 14.000 вработени во музичката бранша. Тие годишно прават обрт од 650 милиони евра. Во градот се формираат во прва линија мали фирми, како на пример tape.tv.

Музика во живо: неа во Берлин ја има секој ден, на различни места. Во едно тонско студио Макс Хере, познат германски уметник свири за емисијата „on tape": формат, кој малото претпријатие tape.tv го продуцира во соработка со Втората програма на германската телевизија.

tape.tv, е музичка телевизија на интернет. Корисникот може да ја гледа предложената програма или прави листа со негови фаворити со еден клик.

Претпријатието во Берлин пред четири години го формираше Конрад Фрич, заедно со еден негов пријател. „Идејата се создаде поради тоа што повеќе не постои музичка телевизија во овој формат. Ние сметаме дека тоа е важно. Во меѓувреме имаме три милиони корисници. Музиката е многу важен дел од нашиот живот, но стариот телевизиски концепт повеќе не функционираше. Затоа рековме, едноставно да направиме музичка телевизија за дигиталната епоха, што повторно ќе функционира“.

Во меѓувреме tape.tv  има 85 соработници и приходи во милиони преку рекламите кои ги врамуваат видеата.

Не само малите претпријатија, и многу други големи фирми од браншата се присутни во германскиот главен град. На брегот на Шпрее со години е стационирана и водечката фирма Universal. А покрај неа и концернот Viacom со своите формати MTV и Viva. 

Во Берлин во меѓувреме се стационирани и здруженијата на музичката бранша.

Tape TV Conrad Fritzsch

Конрад Фрич

„Берлин за музичката бранша е многу важен центар, бидејќи Берлин многу силно се идентификува со културното и креативното стопанисување. Освен ова се создава една динамика меѓу големите и малите фирми во браншата како и дополнителни вредности кои притоа се создаваат“.

tape.tv соработува со речиси сите големи музички концерни: тие на малото претпријатие на пример им ги ставаат на рапсолагање музичките видеа, како во случајот со Universal и Макс Хере.

„Кога сите твои партнери се во еден град, тоа има смисла. Тие сега полека доаѓаат. Да, Warner е се’ уште во Хамбург, но тука има застапништво. Sony во Минхен, исто така има овде претставништво. Седиштето на Universal е овдека, инди музичките претпријатијата исто така се овдека. Сите наши партнери“.

tape.tv има намера масовно да експандира: имено ќе нуди содржини за кои корисниците ќе плаќаат и од Берлин ќе се обиде да ги освои пазарите во други земји.