1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Берлин контра Брисел



Владата во Берлин на сите европски конференции остава впечаток дека ја гони само големата визија за ЕУ која настојува да ја одбрани од националниот егоизам на поедини земји. Но, дека и самиот Берлин има силни национални интереси се покажа по спорот околу пактот за стабилност коментира Бернд Ригерт.

Острото држење на германската влада кое излезе на виделина во спорот со Европската комисија е видливо и во многу други спорови. Од агол на берлинските стратези изминатата недела беше поразителна за еврокомесарите во Брисел. Во спорот околу Пактот за стабилност, Европската комисија ја надгласаа и германските и француските претставници. Слично беше окончан и претходниот спор околу хемиската индустрија, а новиот конфликт веќе се оцртува на хоризонтот: компликуваното потрошувачко право. Владата во Берлин веќе наговести дека на Европската комисја на чело со Романо Проди која се чуствува како европска влада, ќе и ги покаже границите на нивните компетенции. Давање дополнителни германски финансии за уште еден буџет- кој од 2007 година заради проширувањето планира да го отвори еврокомесарот Михаел Шраер - не доаѓа в предвид.

Зад борбата за власт меѓу еврокомесарите е и промената на германската европска политика. Канцеларот Шредер си зема за право посилно да ги штити германските интереси на европско ниво. Многумина допрва треба да се навикнат на ова. Во време на бившиот канцелар Кол, Германија во 90-те повеќе беше заинтересирана за партнерство. Но, тие времиња се минато. Берлин сега сака, како најголем донор во европската каса, да си ги заштити сопствените интереси. На идната ЕУ и требаат силни лидери - тоа е логиката на Берлин. Силна Европска комисија која постојано смислува нови закони е само пречка. Секако треба да се делува во духот на заедништво, незаборавајќи ја ниту германската историја - за тоа германската влада е сосема свесна, но на прагот е нова ера во која повеќе нема место за германска скромност. Германија од следната пролет е на ред да претседава со Европската комисија. Така спорот меѓу Берлин и Брисел ќе биде решен сам од себе!