1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Берлин и Париз бараат заклучок на ОН за хуманитарна помош за Сирија

Германија ја поддржува иницијативата на Франција во Советот за безбедност на Обединетите Нации за поголема хуманитарна помош за населението во Сирија.

По средбата на германската канцеларка Ангела Меркел и Франсоа Оланд во Берлин е речено дека двајцата соговорници се единствени во ставот оти сирискиот претседател Башар ал-Асад нема иднина и загубил секаков легитимитет. Што се однесува до хуманитарната помош за населението во таа земја, Меркел и Оланд имаат намера да вршат притисок врз Советот за безбедност да донесе заклучок по ова прашање. Според наводи на ЕУ и ОН, на најмалку 2,5 милиони Сиријци им е итно неопходна хуманитарна помош.

Барања Германија да прими сириски бегалци

Повеќемина водечки германски политичари во сферата на надворешната политика се залагаат Германија да прими воени бегалци од Сирија. „Во Сирија има хуманитарна катастрофа. Германија треба да прими бегалци“, изјави за денешното издание на весникот „Велт“ Рајнер Штинер од СПД. 

Syrien Flüchtlinge

Илјадници сириски бегалци има во Турција

Социјалдемократот Ролф Мицених и Керстин Милер од Зелените укажуваат дека најголемиот дел од бегалците остануваат близу татковината зато сакаат брзо да се вратат назад. „Но Германија, со оглед на драматичноста на хуманитарната состојба, треба самата да се понуди за прием на луѓе од Сирија, за да им се олесни на државите во регионот“, вели Милер. Волфганг Герке од Партијата на левицата исто така бара Германија да ги отвори своите граници. Филип Мисфелдер од владејачката ЦДУ пак, се залага за прием на одредени бегалци. „Особено сум загрижен за состојбата на христијаните во Сирија, со оглед на тоа што граѓанската војна е пред се‘ верски мотивирана. Затоа Германија не треба да исклучи прием на бегалци“, нагласува тој.