1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Берлин и во 2013-та без нов голем аеродром

Новиот аеродром во германскиот главен град нема да биде отворен годинава. Терминот на отворање во октомври 2013. мора повторно да биде одложен.

Отворањето на новиот голем аеродром Берлин-Бранденбург (BER) ќе се одложи до 2014. година. Весникот „Билд“ синоќа објави дека надлежните органи за изградба на аеродромот го откажаа терминот 27. октомври 2013. за кога беше планирано отвoрањето. Ова не е прво откажување.

Нов датум не е наведен, меѓутоа во Берлин очекуваат дека тоа нема да биде пред 2013. година. Весникот „Билд“ информираше дека управувачите со аеродромот уште на 18. декември 2012. ги информирале акционерите дека поради големи градежни грешки отворањето на аеродромот нема да биде можно пред 2014. година. Сопственици на аеродромот се покраините Берлин и Бранденбург, а мал удел има и државата. Ниту портпаролот на градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт, ниту на премиерот на Бранденбург Матијас Плацек досега не реагираа.

Според медиумите аеродромот наместо првично планираните 2,8 милијарди ќе чини најмалку 4,3 милијарди евра. Државата учествува со 26 проценти, додека покраините Берлин и Бранденбург со по 37 проценти.

Пратеници од партијата на Зелените побараа вонредна седница на покраинскиот парламент уште оваа седмица, на која градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт ќе треба да одговара на прашањата на пратениците. Засега е неизвесно каква ќе биде политичката судбина на двајцата контролори Клаус Воверајт и Матијас Плацек како и на шефот на аеродромот Рајнер Шварц.