1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Берлин и Брисел лути на навредите од Орбан

Провокацијата е дел од неговиот вокабулар: „Германците веќе испратија еднаш тенкови“, рече премиерот на Унгарија Орбан. Тој ја спореди канцеларката Меркел со Хитлер и предизвика лавина реакции.

Виктор Орбан во ЕУ секако не е посебно омилен поради неговиот однос кон демократијата, правната држава и националните малцинства. Сега национално-конзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан со лоши споредби со диктатурата на националсоцијализмот предизвика широк бран на негодување од Брисел до Берлин. Исто така и опозицијата во сопствената земја беше шокирана.

Германија веќе еднаш - во времето на националсоцијализмот - „испрати тенкови во Унгарија“ и нека не го прави тоа уште еднаш, рече Орбан во неделното радио интеревју. Премиерот се осврна на изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел, која во четвртокот во емисијата за третата програма на германската телевизија ВДР, Европафорум рече: „Ќе сториме се' за да ја изведеме Унгарија на вистинскиот пат, но нема веднаш да испратиме конјаница“.

Овие зборови на канцеларката се однесуваа на забелешките на кандидатот за канцелар од редовите на социјалдемократите Пеер Штајнбрик, кој зборуваше за евентуално исклучување на Унгарија од ЕУ, и истовремено асоцираше на неговиот познат цитат за конјаницата: во даночниот спор со Швајцарија Штајнбрик во 2009 година во шега се закани, дека ќе ја позиционира конјаницата против алпската држава, доколку и натаму ги заштитува германските даночни затајувачи.

Орбан во интервјуто од минатиот петок полемизираше: „Германците веќе еднаш испратија конјаница против Унгарија, во форма на тенкови. Нашата молба е, да не ги испраќаат. Тоа не беше добра идеја, не се докажа“. Унгарскиот премиер мислеше притоа на окупацијата на Унгарија во 1944 година („Операција Маргарете“). Меѓутоа тогаш не се работеше за „непријателска“ окупација, оти Унгарија беше близок сојузник на Германија под Хитлер.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле жестоко ја критикуваше споредбата на Орбан. „Тоа за жал е испад, кој јасно го отфрламе“, изјави политичарот од редовите на либералите на маргините на посетата на Белград. Исто така и раководни личности во германските партии ЦДУ, СПД и Зелените во Берлин изразија големо негодување. Шефот на пратеничката група на Зелените Јирген Тритин се заложи за тоа дека Меркел би морала да упати јасни зборови до „автократот“ од Будимпешта.

Протест од ЕУ парламентот

Претседателот на ЕУ парламентот Мартин Шулц изјави: „Сигурен сум дека Орбан многу добро разбра, дека канцеларката испрати повеќе иронична опомена во правец на Унгарија  - меѓутоа неговите популистички тенденции не го запреа ниту од напад врз неговата партиска пријателка Меркел“. Партијата на Одбан ФИДЕШ, исто како и ЦДУ на Меркел спаѓа во Европските народни партии. Претседателот на пратеничката група на Зелените во Европскиот парламент Даниел Кон Бендит, побара јасна реакциија од Европските народни партии. Тој праша уште колку долго ќе се гледа однесувањето на Орбан, без да се преземат чекори.

Унгарија, поради курсот на владата и методите на Орбан е на удар на критиката во Европа. Новиот устав и неодамна усвоените промени како и голем број закони ги ограничуваат демократијата, уставниот суд, независноста на правосудството и слободата на медиумите. Против Унгарија во ЕУ се водат повеќе постапки за повреда на европскиот договор. Левичарските, либералните и партиите на Зелените во Европскиот парламент неодамна бараа, на Унгарија да и биде укинато правото на глас во телата на ЕУ врз основа на член 7 од европските договори.