1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Берлин загрижен за повлекувањето на Барозо

Барозо и Шредер

Барозо и Шредер

Драматичното натегање околу новиот состав на Европската комисија предизвика во официјален Берлин загриженост за неспособноста на европските институции натаму нормално да функционираат. Канцеларот Герхард Шредер денеска во Берлин порача:

“Едно нешто секако не ни треба: судир на институциите во Европа. Тоа многу би не уназадило. Неопходна ни е силна Комисија способна за дејствување, токму во Европа проширена на 25 членки. Исто така потребна ни е добра соработка меѓу нејзините институции, а не судири, се едно од какви мотиви да се поттикнати“ - нагласи Шредер, додавајќи дека жали поради конфликтот меѓу новиот шеф на Европската Комисија и Европскиот парламент.

Помалиот коалиционен партнер во владата на Шредер, Партијата на Зелените, напротив не го криеше задоволството од попуштањето на новиот шеф на Европската комисија. Ова е добар ден за европската демократија, порачаа двајцата копретседатели на Зелените, Клаудија Рот и Рајнхард Битикофер. Повлекувањето на тврдоглавиот Барозо пред притисокот на евро-пратениците го поздравија и германските Либерали, а слично одреагира и претставникот на конзевративната опозиција, Петер Хинце. Но, неговиот сопартиец и шеф на парламентарниот одбор за Европски прашања, Матијас Висман, напротив нагласи дека сега Европа е фактички без раководство. Од старата Комисија на Романо Проди не можат да се очекуваат никакви натамошни импулси во тековните работи на ЕУ, нагласи Висман.