1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Берлин ги поздрави предлозите за европска банкарска реформа

Европските банки во иденина треба да ги одделат ризичните делови на нивното инвестициско банкарство, за да ги заштитат влоговите на клиентите од шпекулантите во сопствената куќа, гласи експертскиот реформски предлог.

Германската влада ги поздрави предлозите на Бриселската експертска група за реформа на банкарскиот систем во Европа. Препораките на комисијата предводена од шефот на финската централна банка Ерки Лииканен претставуваат важен придонес за натамошна стабилизација на финансиските пазари, објави министерството за финансии во Берлин.

Тие во суштина потврдуваат дека Германија на национално ниво со нејзиниот закон за преструктуирање но и на европско ниво ги поставила вистинските насоки. „Наша цел е и натаму подобро да ги раздвојуваме едни од други банкарските ризици, да ги зголемиме гаранциите, и да ја редуцираме коплексноста на банките “, изјави портпаролот на министерството за финансии. Тој истакна дека притоа одлучувачки за редуцирањето на ризиците за даночните обврзници е разделувањето на ризичните сфери во банките.

Според предлозите на Лииканен комисијата, кои вчера беа официјално претставени во Брисел, банките би требало да ги одвојат најризичните делови од нивното инвестициско банкарство за да ги заштитат парите на клиентите од шпекулациии. Истотака даночните обврзници во иднина повеќе не би морале да учествуваат во спасувањата на банки кои чинат милијарди евра.