1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Берлин бара од Атина поголем економски пораст

Германија очекува брзо спроведување на планот за штедење на грчката Влада, но и преземање мерки за побрзо заживување на економијата. Во Берлин вчера престојуваа шефот на грчката дипломатија и министерот за финансии.

German Finance Minister Wolfgang Schaeuble speaks with the media as he arrives for a meeting of eurozone finance ministers in Luxembourg on Sunday, June 19, 2011. On only his third day in office, Greece's new Finance Minister Evangelos Venizelos faces his first big test: He must convince his eurozone counterparts to release a loan installment his country needs to avoid defaulting on its massive debts next month, and to commit to billions in new loans to keep Greece afloat in the coming years. (Foto:Virginia Mayo/AP/dapd)

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле

Грција доби позитивни оценки во Берлин за напорите за санирање на буџетската криза и намалување на енормните трошоци. Владата на канцеларката Ангела Меркел се обидува да ја придобие поддршката на домашната јавност за најновиот пакет-помош за Грција, која многу често во германските медиуми се портретира како земја која неуморно троши туѓи пари.

„Германија ги признава огромните напори кои ги прави Грција“, изјави министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле. Неговиот грчки колега Ставрос Ламбринидис тврдеше дека Атина „нема да потроши залудно ниту едно евро на ЕУ“ и оцени дека одговорноста и солидарноста ги враќаат „загубените европски вредности“.

Поттик за стопанството

Парите беа тема и на состанокот на германскиот и грчкиот министер за финансии Волфганг Шојбле и Евангелос Венизелос.

Newly appointed Greek Foreign Minister Stavros Lambrinidis gestures as he speaks during a news conference with Cyprus' Foreign Minister Marcos Kyprianou, not seen, following their meeting at Foreign house in Nicosia, Cyprus, Saturday, June 18, 2011. Lambrinidis is in Cyprus for one-day official visit. (AP Photo/Petros Karadjias)

Новиот шеф на грчката дипломатија, Ставрос Ламбринидис

Ова е прва средба на двајцата, по минатомесечното именување на Венизелос на функцијата во рамките на реконструкцијата на Владата на премиерот Јоргос Папандреу. Двајцата се согласиле дека Атина не само што мора прецизно и брзо да ги спроведе мерките за штедење и реформите во социјалниот и даночниот систем, туку и да се посвети повеќе на развој на економијата.

„Други мерки за поддршка на развојот мора да бидат преземени. Само со силна приватна економија и инвестиции Грција ќе успее да дојде до балансиран буџет на среден и на долг рок“, се наведува во соопштението на германското министерство за финансии.

Офанзива на шарм

Германија повторно треба да го плати најголемиот дел од најновиот пакет-помош за Грција вреден 12 милијарди евра, кој беше одобрен овој месец од ЕУ и ММФ. Вкупно, на Грција досега и беа одобрени околу 110 милијарди евра за следните три години. Од таа сума, ЕУ треба да издвои околу 80 милијарди, а нешто повеќе од 20 милијарди евра ќе дојдат од Германија.

Newly appointed Greek Finance Minister Evangelos Venizelos, right, and his outgoing colleague George Papaconstantinou, partially visible in back, deliver their statements during the handover ceremony at the Finance Ministry in Athens, Friday, June 17, 2011. Venizelos said is ready to carry huge weight of reform. Greek Prime Minister George Papandreou met the demands of his restive party by replacing his finance minister Friday in a broad cabinet reshuffle that won strong support from markets, optimistic that crucial austerity measures will now be passed. (Foto:Thanassis Stavrakis/AP/dapd)

Новиот министер за финансии, Евангелос Венизелос

Германската новинска агенција ДПА оценува дека Грција сега започнала „офанзива на шарм“ низ европските метрополи, со цел да се обиде да го смени критичкото расположение во медиумите и во јавноста кон неа, истовремено убедувајќи ги соговорниците во Германија дека жртвите кои таа ги прави се далеку поголеми од социјалните или даночните реформи во било која друга земја.

Во Унијата е се поголем револтот и кон американските рејтинг агенции, откако вчера агенцијата Мудис го симна на најниско ниво кредитниот рејтинг на Португалија, а претходно истото го стори и со Грција. Вестервеле вчера повика на институционални реформи и формирање на европски рејтинг агенции, бидејќи постојните, според него, имале премногу конфликти на интереси.

Автор: Борис Георгиевски/дпа/афп

Редактор: Горан Чутаноски