1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлинале: Публиката ја награди „Парада“

Најголемата награда во категоријата „Панорама“ на публиката на Берлиналето ја доби „Парада“, копродукцијата на екс Ју-републиките, меѓу кои е и Македонија. Филмот доби уште две награди.

Приказната „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ, која на Берлиналето беше презентирана во категоријата „Панорама“, ја освои првата награда на публиката. Споредено со главната конкуренција ова е адекватно на златната мечка во категоријата што ја оценуваат гледачите. Едновремено „Парада“ е одликувана со уште две награди на независните жири-комисии на Берлиналето.

Попладнево „Парада“доби пофалница од Екуменското жири кое посебно ги оценува спиритуалните, човечките и социјалните вредности во филмовите од главната конкуренција, „Панорамата“ и „Форумот“. Синоќа пак „Парада“ ја доби и наградата „Елзе“ на читателите на „Зигезојле“ (берлински магазин на геј- заедницата). Во образложението стои дека во „Парада“ со хумор, најсилното средство кое му стои на располагање на филмот, е испратена пораката дека сите сме само луѓе на кои им е потребна љубов и слобода.

Berlinale 2012 Biljana Prvanovic und Srdjan Dragojevic

Пофалница од Екуменското жири за „Парада“-режисерот Срѓан Драгојевиќ и продуцентот Билјана Првановиќ


При врачувањето на пофалницата од Екуменското жири режисерот Драгојевиќ подвлече дека одличјето има посебна вредност зашто токму високи претставници на Српската црква имале влијание во ширењето на хомофобијата и во дискриминацијата на припадниците на хомосексуалната заедница.
Во „Парада“ мошне забележителна улога имаше и македонскиот актер Тони Михајловски, кој со комплетниот филмски тим не пристигна во Берлин.
Вечерва, во Палатата на Берлиналето ќе бидат врачени златната и сребрените мечки во главната конкуренција на кои атакуваа 18 филма.

Наградата на публиката на „Парада“ на Драгојевиќ ќе му биоде врачена утре попладне на Берлинскиот кино ден.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Ж.Ацеска