1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлиналето 2009 во факти

Вкупно 386 филмови ќе бидат прикажани на годинешниот Берлински филмски фестивал. Најдолгиот трае 455 а најкраткиот 4 минути. 18 филмови се во трка за „Златната мечка“. Ова се само дел фактите за Берлиналето 2009

default

Програма:

На официјалната програма на Берлиналето се наоѓаат 386 филмови, главно светски и европски премиери, филмови од сите жанрови и формати, кои ќе бидат презентирани на 1238 проекции.

Фестивалски секции:

Берлиналето има различни секции, секоја со сопствен профил. Големите меѓународни кино-остварувања се прикажуваат во „натпреварувачката секција“, независните и арт-хаус филмови во секцијата „Панорама“. Специјалните кино-остварувања за младата публика се во секцијата „Генерација“, возбудливите нови откритија од германскиот филмски пејсаж во секцијата „Перспективи на германското кино“.

Kate Winslet

Двојната освојувачка на Златен Глобус годинава, Кејт Винслет ќе биде една од ѕвездите на фестивалот

Фокусиран поглед кон „далечните“ филмски земји и експериментални форми нудат филмовите од секцијата „Меѓународен форум на младиот филм“, а секциите „Ретроспектива“ и “Омаж“ се концентрираат најчесто на животното дело на големи филмски творци. Овојпат меѓутоа, во фокусот, со филмскиот формат од 70 милиметри, се наоѓа големото кино на 50-те години од минатиот век.

Кралска дисциплина:

Натпреварувачката секција. Оваа година во филмската палата на Берлиналето ќе бидат прикажани 26 меѓународни продукции, од кои 18 конкурираат за главните награди - „Златната“ и „Сребрените“ мечки.

Ѕвезди на фестивалот во 2009:

Клод Шаброл, Костас Гаврас, Франсоа Озон, Бертран Таверние, Деми Мур, Армин Милер-Штал, Клајв Овен, Мишел Фајфер, Киану Ривс, Кејт Винслет, Рене Зелвегер итн...

Жирија:

Ги има околу педесет.

80. Oscar-Verleihung Tilda Swinton beste Nebendarstellerin

Тилда Свинтон, претседателка на главното жири на годинешното Берлинале

Најважното од нив, под раководство на шкотската актерка и добитничка на Оскар, Тилда Свинтон, ги доделува „Златнaтa" и „Сребрените мечки“.

Професионалци во кината:

Повеќе од 19 илјади стручни посетители од 120 земји, меѓу нив четири илјади новинари, се акредитираат секоја година за Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Најдолг филм:

„Војна и мир“, со траење од 455 минути, снимен во 60-те години од минатиот век во Советскиот сојуз, ќе може да се погледне во секцијата „Ретроспектива“.

Најкраток филм:

„Меги и Милдред“, со траење од само 4 минути; ќе биде прикажан во програмата за краток филм за младите кино-посетители.

Најстар режисер:

Со своите 100 години, без сомневање, е Португалецот Маноел де Оливеира. Неговата турбулентна љубовна приказна „ Карактеристиките на една млада блондинка“, ќе биде прикажана во серијата „ Берлинале специјал“.

Најзастапена земја:

Германија со преку 90 филмови.

Berlinale Ticketverkauf 2008

Турканици пред благајните. Филмовите на Берлиналето ќе ги погледнат 180 илјади посетители

Најубав филмски наслов:

„Крајот на свињата е почеток на колбасот“ на Џон Едвард Хејс во секцијата „Панорама“.

Профил:

Мамутски настан, меѓутоа е и фестивал на средби и дискусии. Со повеќе од 180 илјади продадени влезници, Берлиналето не е само средба на филмската бранша, туку и фестивал со најбројна публика во светот. Две недели паралелно уметност, гламур, забава и бизнис.