1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлиналето и за Балканот е отворено. Треба само идеи!

На 60-тото јубилејно Берлинале Македонија нема свој филм. Дали филмовите се прескапи, конкуренцијата е преголема или отсуството на филмови од Балканот е резултат на недостиг на идеи ?

default

На прстите од раката можат да се избројат македонските филмови кои последнава деценија учествувале на Берлиналето. Лани на Европскиот филмски пазар беше “Плати и Жени” на Атанас Георгиев. Пред берлинската публика во 2008-та во селекцијата “Панорама” беше прикажан и “Јас сум од Титов Велес” на Теона Митевска. Во 2004-тата во категоријата краток филм - “Бубачки” на Игор Иванов – Изи.

Годинава неколкумина млади режисери се обидоа да влезат во конкуренција. Не успеаа. Во категоријата „Форум“ обид направи и Марија Џиџева, која учествуваше на Талент Кампусот на Берлиналето во 2006, каде имаше прилика да учи од светски докажаните имиња и да создаде контакти.

Соработка од Талент Кампоусот

Berlinale Talent Campus

Учеството во Талент Кампусот во 2006 за Марија Џиџева беше големо искуство

“Како резултат на Талент Кампусот се роди и омнибусот „Некои поинакви приказни“.Тоа е филм од пет приказни на пет жени режисерки од поранешните Ју-републики, создаден како едно ново балканско женско писмо”, вели Џиџева за филмот што се реализираше во 2009-тата година и кој влезе во предселекција на берлинскиот филмски фестивал.

Зошто нема филмовите од Балканот, Џиџева не може точно да одговори. Но вели: “нашето време доага”. Во Македонија последниве години имаше криза, немаше континуитeт. Но Џиџева е оптимист! Нови филмови веќе се работат и се надева дека веќе наредната година, Македонија ќе има свои учесници на фестивалот.

Die bosnische Regisseurin Jasmila Zbanic hält den Goldenen Bären für Gravica in den Händen

Босанската режисерка Јасмила Жбаниќ ја доби Златната мечка во 2006-тата, а сега атакува повторно со компродукцијата „На пат“

Малку поинакво Берлинале

Во далечната 1969 година режисерот од Нови Сад Желимир Жилник ја доби златната мечка за филмот “Рани работи”. Во 1995 тата ја освои и берлинската награда Теди. Од време на време престојува на фестивалот. Го прашуваме што е сега поинаку?

“Можам да кажам дека во споредба со порано, Берлинскиот фестивал е помалку истражувачки, помалку носи филмови кои се отворено полемички. Има големи продукции не само од американската кинематографија, туку и од кинеската. Спектакли!" Вели Жилник, според кого Берлинскиот е се уште голем и значаен фестивал, но има и други фестивали во светот. На прашањето дали Балканот е заобиколен, Жилник коментира дека Балканот е присутен толку колку што се интересни неговите филмови. А не може да се каже дека тие се меѓу најинтересните во светот. Отворени се нови региони кои се занимаваат со филмот. Од африканските, преку азиските земји, до Јужна Аметика. Има интересни режисери и нови теми. Балканот не е во прв план. Но, ако некој направи интересен филм за него секогаш има простор.

Не е се’ во парите!

Филмовите се скапа работа велат оние кои ги прават. Но, Жилник смета дека тоа е редовно само изговор, зашто најчесто проблем се идеите, а не парите.

Berlinale 2007 Blick auf den Berlinale Palast

Некој филм од Македонија можеби на едно од идните Берлиналиња?

"Сите балкански режисери бараат државна поддршка и ги молат политичарите за пари. И тогаш нормално, филмовите не се ништо друго туку следење на тие политики од Балканот. Така голем дел од тие балкански филмови, како да кажам, имаат слаб ’рбет. И затоа се подразбира дека не се особено барани, но има и во Србија, и во Хрватска и во Македонија по некој филм кој има јасен авторски став”, коментира за македонската програма на Дојче Веле режисерот Желимир Жилник.

автор: Силвера Падори-Кленке

редактор: Борис Георгиевски