1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Берлиналето во бројки и факти

Со повеќе од 300.000 продадени билети Берлиналето е филмски фестивал со најбројна публика во светот. 64. Берлински фестивал е отворен (06.02) и до 16 февруари традиционално ќе ги спои уметноста, гламурот и бизнисот...

Програма:

Преку 5000 филма од целиот свет пристигнаа на адресата на стручното жири. Тоа е нов рекорд. Официјалната програма опфаќа десет секции со 409 филма од 72 земји. Тоа се шест филма повеќе отколку во минатата година. Уште 778 филма стојат на програмата на Европскиот филмски пазар (European Film Market), наменети за стручната публика од филмската бранша. За време на 11 фестивалски денови ќе бидат прикажани вкупно 1200 филма, односно повеќе од 100 на ден.

Кралска дисциплина:

Се разбира е натпреварувачката секција. Покрај филмот со кој беше отворено Берлиналето „Grand Budapest Hotel" во трката за Златната и Сребрените мечки се уште 19 филмски остварувања од целиот свет. Меѓу нив три од кинеска продукција. Подобро претставена годинава е само Германија, со четири филма во трката за наградите.

Ѕвезди на фестивалот:

Годинава се Џорџ Клуни, Тилда Свинтон, Бредли Купер, Шарлоте Гејнсбург, Ралф Фајнс, Бил Мареј, Мет Дејмон, Катрин Денев, Бруно Ганц, Ума Турман, Бургхарт Клауснер...

Жирија:

Ги има околу 50, а најважното меѓу нив под раководство на американскиот продуцент и сценарист Џејмс Шејмус одлучува за доделувањето на Мечките. Во осумчленото меѓународно стручно жири меѓу другите се и двократниот добитник на Оскар, Кристоф Валц и продуцентката на филмовите од серијалот „Џејмс Бонд“- Барбара Броколи.

Мечките на Берлиналето:

Деновиве во Берлин можат да се видат на секаде. На маици, плакати, дури и на цуцли и облека за бебиња, потоа на приврзоци за клучеви, на мауспади како и на шолји за кафе и на чинии. Оригиналната Мечка стои крената на задните шепи и на победниците на Берлиналето ќе им биде доделена во форма на позлатена и посребрена скулптура. Трофејот своевремено го осмисли уметничката Реен Синтенис (1888-1965), на која берлинскиот музеј Георг Колбе ѝ посвети изложба која може да се погледне до 23. март.

Кино во филхармонија:

Меѓу необичните идеи секако е и филхармонија претворена во кино-сала. Многу фанови на Берлиналето се радуваат на 9. февруари кога во Берлинската филхармонија за првпат ќе биде прикажана дигитално реставрираното филмско ремек-дело на Роберт Винерс „Кабинетот на доктор Калигари“ од 1920 година.

Кулинарсвото како лајтмотив:

„Го сакаме тоа врело...ама не допуштаме да се изгориме“ , гласи мотото на кулинарската филмска секција на 64. Берлинале. Станува збор за актуелна филмска продукција, посветена на исхраната и односот на човекот кон храната. Се разбира и на гостите ќе им бидат сервирани и некои специјалитети, за кои ќе се погрижат првокласни готвачи. Но на „менито“ се и јавни дискусии за спрегата меѓу јадењето, културата и политиката. Директорот на фестивалот Дитер Кослик ја смести оваа секција во официјалниот дел на програмата на фестивалот уште пред осум години. Многумина кои на почетокот го исмејуваа поради тоа, сега се радуваат на тој дел од програмата. Веројатно и поради фактот дека за време на Берлиналето може да се јаде само биолошки коректна вегетаријанска храна.

Најмладите посетители на фестивалот:

Можат да се најдат во секцијата „Генерација“. Публиката од 4 до 18-годишна возраст во оваа секција ја очекуваат околу 60 долгометражни и краткометражни филмови од 36 земји. По бројните проекции, режисерите и глумците одговараат на прашањата на нивната млада публика. За сето тоа на посебна интернет страница известуваат деца репортери. А жири составено од деца и младинци најдоброто филмско остварување за младата публика го наградуваат со „Кристална мечка“.

Кино со најдолга традиција:

Е Цоо-Паласт (Zoo-Palast). Од 1957. до 1999.година ова беше киното за премиери на Берлиналето. Во него беа доделени 123 Златни, 268 Сребрени и одум Бронзени мечки. На крајот од 2010 година Цоо-Паласт ги затвори портите. Во меѓувреме овој комплекс беше темелно реставриран и сега повторно стои на располагање како сала за проекции на Берлиналето.

Новаци на Берлиналето:

За првпат на фестивалит со сопствени продукции се присутни Еквадор и Фарските острови.

Најкраткиот филм:

Се вика „Камакура“ (Снежна капа). Автор е Јорико Мисушири од Јапонија и трае само пет минути и се прикажува во рамките на секцијата „Berlinale Shorts"

Најзастапена земја:

Дефинитивно Германија со дури 72 продукции и копродукции.

Најубав новитет:

Сега и за време на Берлиналето има едноставно, добро јадење. На Потсдамскиот плоштад се паркирани шест камиони за храна, кои на посетилите им нудат извонредно подготвени специјалитети. Брза храна за синеастите. Добар апетит!