1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бериша ќе им дели државјанства на сите Албанци

Албанскиот премиер побарал да се изготви закон со кој албанско државјанство ќе му следува на секој Албанец, без разлика каде живее.

Албанскиот премиер Сали Бериша побара изготвување на закон со кој на секој Албанец, без оглед каде живее, да може да му се даде албанско државјанство, јави дописникот на Макфакс.

Бериша барањето го упатил на седница на Владата што се одржува во Валона, каде што пред 100 години се одржа и првата седница на владата на Исмаил Кемали.

Тој рече дека за ова бара разбирање од соседите и меѓународниот фактор, нагласувајќи дека Албанците се народ што се залага за мир и стабилност, а во минатите 100 години минал низ окупации и диктатура. Според Бериша, оваа негова активност не треба да се сфати како изборен маркетинг, туку како негов потег за обединување на сите Албанци каде и да се.

Поврзана содржина