1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго

Заглавувањето на евроатланскиот процес за Македонија би значело по повторно активира­ње на радикализмот и национализмот, а тоа не е воопшто потребно во овој момент, оцени албанскиот премиер Сали Бериша.

default

Во интервјуто за државната Турска Радио Телевизија – ТРТ, по повод сто го­диш­ни­на­та од одбележувањето на независноста на Албанија, Бериша се осврна и на прашањето за блокадата од Грција за Македонија за членството во НАТО. Бериша одговори де­ка постојат проблеми помеѓу двете земји поради името на Македонија и е многу зна­чај­но ова прашање да се реши.

„Спо­ред мене, потребно е да се изнајде усогласување по однос на барањата за промена на името и новите имиња. И двете страни треба да направат отстапки и да се усогласат на некој начин. Името на Македонија во меѓународната заедница е ФИРОМ, но стотици годи­ни овој регион се нарекувал Македонија. Се бара да не се нарекува Македонија, но се­ка­ко ова води кон заглавување на состојбите. И двете страни можат да го носат на­зивот Македонија. Се надевам дека на самитот на НАТО во Чикаго ќе се изнајде конечно ре­ше­ние на ова прашање“, рече албанскиот премиер Бериша.

Оце­ну­вај­ќи го најновиот договор помеѓу Косово и Србија како многу значаен, албанскиот пре­ми­ер изрази надеж дека и двете страни ќе се придржуваат кон договорот. На­по­ме­ну­вај­ќи дека и во Македонија може да има затегнатост, тој истакна дека овие земји се многу зна­чај­ни за стабилноста и мирот на регионот.

„Македонија е земја која ќе заблеска во ре­ги­о­нот. Македонскиот народ и другите националности формираат една многуетничка за­ед­ни­ца и се надеваме дека таа ќе продолжи да живее“, подвлече Сали Бериша, ука­жу­вај­ќи на проблемот со Грција кого го нарече „сериозен“, поради попречувањето на членс­тво­то на Македонија во НАТО.