1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бериша посакува заедничка фудбалска лига на Албанија и Косово

Албанскиот премиер Сали Бериша, на првата владина седница во новата година , побара да биде формирана заедничка фудбалска лига на Албанија и на Косово.

Албанскиот премиер Сали Бериша побара од ресорните министри да започнат преговори со косовската влада за организирање на заедничко фудбалско првенство, кое тој го нарече „меѓунационална лига“.

„Да започнеме со фудбалот. Седнете со косовскиот колеги и подгответе заедничка програма“, истакна Бериша, обраќајќи му се на албанскиот министер за спорт.

Воедно, албанскиот премиер побара Албанија и Косово да ги симнат бариерите на телевизиските бранови, кои се присутни помеѓу двете држави.

Бериша побара и создавање на „единствен информациски простор“ со Косово, нагласувајќу дека сите медиуми од оваа земја треба да добијат лиценца за емитување во цела Албанија.

Дел од медиумите наведуваат дека Бериша од говорење за обединување на Албанците сега преминал на дела.