1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бериша: Обединување на Албанија со Косово само во ЕУ

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека обединувањето на Албанија со Косово не е опција која се разгледува, а интеграцијата во Европската унија, без каква било промена на границите, е најдобриот интерес на двете земји

default

Сали Бериша е за европска интеграција на Албанија и Косово

„Проектот за обединување на Албанците е проект за интеграција во ЕУ и гарантирам дека кога Албанците во Албанија и на Косово ќе ги достигнат стандардите на членките на ЕУ, ќе им биде подобро од кога било во нивната историја. Тоа е проект и ние треба да ја гледаме својата иднина во ЕУ“, рече Бериша, одговарајќи синоќа на прашање на група студенти од Косово кои ја посетија Тирана.

Осврнувајќи се на ситуацијата на северот на Косово, во Митровица, Бериша рече дека „најдобар национален интерес на Албанците е зачувување на постоечките граници“.

Тој додаде дека Тирана внимателно го следи развојот на ситуацијата во албанската заедница во Прешево.

Автор: ЖА/ АТ /миа

Редактор: Александра Трајковска