1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бериша и Јахјага: Смртта на Глигоров е голема загуба за Македонија

Изрази на сочувство до народот на Македонија и до семејството на починатиот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров денеска изразија и претседателката на Косово и премиерот на Албанија.

default

Сали Бериша

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, по повод смртта на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров испрати телеграма со сочувство до нејзиниот македонски колега Ѓорге Иванов.

Afitete Jahjaga

Артифете Јахјага

„Смртта на првиот претседател на плуралистичка и демократска Република Македонија, кој направи мирна транзиција од комунизам во демократски систем, е загуба за институциите и народот на Македонија. Ве молам, прифатете го моето сочувство“, се вели во телеграмата на Јахјага до претседателот Иванов.

Берлиша: Глигоров даде придонес за стабилноста на регионот

Албанскиот премиер Сали Бериша, по повод смртта на Киро Глигоров упати телеграма со сочуство до неговиот македонски колега Никола Груевски и семејството на Глигоров.

„Смртта на поранешнот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот. Како основач на независната држава Македонија и како прв претседател избран на демократски начин, Киро Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија, регионот и на југот на Балканот, како и во регионалната соработка“, се вели во телеграмата со сочуство на Бериша до Груевски.

Автор: СН/ ЕМФ/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска