1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бериша го повика Белград да нe создава тензии во Прешевската долина

Албанската Влада апелира до авторитетите во Белград да ги остават настрана старите албанофобски практики и да го почитуваат албанското малцинство во Србија, порача албанскиот премиер Сали Бериша.

Најавата на српските власти за уривање на споменикот на борците на Oслободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац (ОВПМБ), албанскиот премиер Сали Бериша ја смета за провокација. Тој во изјава за онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“ ги предупреди одговорните во Белград да не го допираат споменикот, јави новинската агенција МИА.

„Од пред неколку недели се зголемуваат политичките тензии во Прешевската долина, како резултат на заканата од страна на властите во Белград за отстранување на Споменикот на паднатите борци за слобода, кои загинаа на нивните етнички простори во одбрана на слободата и човековите права на Албанците од Прешево, кои им беа укинати од варварскиот режим на Слободан Милошевиќ. Оваа закана на српските авторитети е последователна потврда за албанофобијата на официјалната политика во Белград“, изјави Бериша

Тој упати апел до српските политичари да ги остават настрана старите албанофобски практики и да го почитуваат албанското малцинство кое живее на своите етнички простори во Србија и дава свој придонес во стабилноста и развојот на земјата.

„Албанската Влада упатува апел до Албанците во Прешевската Долина во никакви околности да не подлегнуваат на провокации од оние кои имаат само една цел, етнички да ги исчистат нивните општни и да ги истераат од нивните вековни етнички територии на еден или друг начин. За волја на вистината вандалите може со државна сила и насилство да го урнат споменикот на борците, на оние за слобода на Албанците, но тоа е само акт на страв. Нашите паднати борци никогаш не умираат“, истакна Бериша.

Изјавата на Бериша следува по пораките на српскиот премиер Ивица Дачиќ и на претседателот Томислав Николиќ дека краен рок за отстранување на споменикот е 17 јануари, по што тој со сила ќе биде отстранет.

Поврзана содржина