1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бериша: Албанија ќе биде најубавата градина во Југоисточна Европа

Албанскиот премиер Сали Бериша на вчерашниот предизборен митинг во Тирана изрази ветување дека, доколку победи на изборите закажани в недела, ќе ја одведе Албанја во ЕУ.

The billboard of the Primer of Albania, Mr Sali Berisha; Juni 2013, Tirana; Copyright: DW/A. Muka

Wahlen in Albanien

„Заедно ќе станеме најубавата градина во Југоисточна Европа“, изјави Бериша пред илјадниците симпатизери, на митингот што означи крај на неговата предизборна кампања.

Претстојните избори се од клучно значење за Албанија, но меѓународната заедница стравува дека резултатите повторно ќе бидат оспорувани, што е случај на речиси сите избори од 1990 година досега.

ЕУ јасно стави до знаење дека Албанија треба да спроведе избори во согласност со европските норми и дека во спротивно нема да добие кандидатски статус. Конзервативниот 68-годишен премиер Сали Бериша се бори за трет мандат, а негов главен противник е социјалистот Еди Рама (48), кој се залага за борба против сиромаштијата.

Последните парламентарни избори во Албанија се одржани во 2009 година и оттогаш земјата се наоѓа во политичка блокада поради големиот број несогласувања на владејачката десница и социјалистите.