1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Берзите со загуби, но без паника

Распродажбата на акции, од која се стравуваше на европските берзи, и покрај загубите за сега изостанува. Водечките индекси на берзите во Токио и во Шангај претрпеа загуби од 2,2 односно 3,7 проценти.

default

Азиските берзи со најголеми загуби-берзата во Токио

Распродажбата на акции од која се стравуваше на европските берзи и покрај загубите засега изостанува. Вредноста на водечкиот германски индекс ДАКС на берзата во Франкфурт на Мајна по воздржаниот почеток во меѓувреме падна на најниско ниво во последните 11 месеци. Претходните случувања на берзите во Азија веќе навестија загуби. Водечките индекси на берзите во Токио и во Шангај претрпеа загуби од 2,2 односно 3,7 проценти. По сеопфатната кризна дипломатија на водечките светски економски сили во текот на викендот и по намалувањето на кредитниот рејтинг на САД со нетрпение со очекуваше реакцијата на финансиските пазари. Рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ за првпат во историјата им ја одзеде на САД најдобрата оценка за кредитоспособност, со објаснение дека мерките за намалување на државниот дефицит усвоени од Конгресот не се доволни за одржливо стабилизирање на државниот буџет.

Deutschland Talfahrt an den Finanzmärkten geht weiter

Г20 и ЕЦБ ветуваат финансиска стабилност

Стравот од продолжување на турбуленциите на меѓународните берзи и несогледливите последици за светската економија ги принудија водечките индустриски и земји во економски подем да дејствуваат. По многубројните телефонски конференции на Групата Г7 за време на викендот, во меѓувреме и Групата Г20 во соопштение порача дека доколку е потребно заеднички ќе се дејствува за ликвидност и стабилност на финансиските пазари.

Во меѓувреме Европската централна банка најави дека ќе го откупи долгот на Италија и на Шпанија во обид да ја смири кризата во еврозоната. Одлуката на Централната банка да откупи поголема количина еврообврзници веќе ја намали тензијата на финансиските пазари, а новото соопштение се очекува да донесе дополнителна стабилизација.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM