1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Берзите голтнаа 2.500 милијарди долари

Вчерашниот шок на берзите и продлабочувањето на економската криза им го скрати одморот на некои од европските лидери. Времето треба да го поминат на размислување како да се скроти растечката економска криза.

default

Драматичен пад на берзите

Идејата која до сега беше табу – формирањето на заеднички евро-обврзници сега е на цена. За ова итни телефонски разговори ќе одржат германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози и шпанскиот премиер Хозе Луиз Родригез Запатеро.

Од другата страна на Европа, преку писмо се огласи грчкиот премиер Јоргос Папандреу со барање вториот „појас за спасување“ за неговата земја да биде фрлен веднаш. Папандреу бара од европските партнери што побрзо да се реализира договореното од јулскиот самит на Унијата, за втора помош за спасување на грчката економија.

Giorgos Andrea Papandreou Griechenland TV-Ansprache

Папандреу ги бара ветените пари, а парламентите кои треба да ги одобрат, се на одмор

Две недели по договорот за помош на Грција, евро-зоната западна во подлабока и поширока должничка криза. За да ги добие парите што ги бара, Папандреу ќе мора да почека на одобрение и од националните парламенти во земјите членки, кои во најголем дел се на годишни одмори.

Писмо испрати и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Во него забележува дека кризата се шири и повеќе не е ограничена само на евро-зоната. И Баросо и Папандреу се согласуваат дека последните случувања најмногу ќе се одразат на зголемениот скептицизам за административниот капацитет на евро-зоната да одговори на растечката криза.

Богатството од пари се претвора во благородни метали

Светските берзи збришаа 2,5 трилиони долари од вредноста на компаниите оваа недела и со тоа ја зголемија загриженоста за нагло забавување на економијата, влегување на САД во нова рецесија и зголемување на должничката криза во Европа, особено онаа на Италија и Шапнија.

Њујоршката берза вчера го имаше најтешкиот ден од почетокот на кризата од пред три години. Главните берзански индекси паднаа од четири до пет отсто. „Видовме ерозија и губиток на довербата на инвеститорите – доверба во економијата, доверба во пазарот, доверба во политичките водачи“, прокоментира финансискиот консултант Хју Џонсон.

Frankfurt Börse Crash Kursverluste Finanzkrise

Инвеститорите, под голем стрес од случувањата на берзите, богатството го селат во благодарни метали

Многу инвеститори размислуваат своето богатство да го претворат во благородни метали, откако цената на златото се зголеми двојно, а на финансиската криза не и се гледа крајот. Цената на златото денеска на светските берзи дополнително се зголеми за еден процент, а онаа на нафтата на берзата во Њујорк денеска дополнително поевтини – цената е 85 долари за барел и е последица на очекувањето дека забавениот глобален економски раст ќе предизвика пад на побарувачката.

„Изгледот на економијата ги стресува инвеститорите до најголем степен и чувството е дека таа ќе остане екстремно кревка“, вели Кејт Боуман, аналитичарка во „Харгрејвс Ленсдаун“.

На наредната страница прочитајте: Азиските џинови бараат светска акција за спас на економијата

DW.COM