1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Березовски го критикува режимот на Путин

*

Рускиот олигарх и силен критичар на Кремљ, Борис Березовски, кој повеќе години живее во егзил во Лондон според сопствени тврдења бил цел на неуспешен атентат. Березовски изјави дека неколкупати добил информации за планови за негово ликвидирање. Тој ги обвини руската влада и претседателот Влдимир Путин дека стојат зад плановите, за што бил предупреден и од поранешниот агент на КГБ Александар Литвиненко

„ Многу е важно по случајот со Александар Литвиненко западот конечно да дознае кој е Владимир Путин. Одговорот е , Путин е криминалец и неговиот режим е криминален. И она што е важно е дека Путин знае дека западот на него гледа како на криминалец. Сега е уште поопасно бидејќи тој нема никакви бариери да направи што сака„ изјави Березовски.