1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бен Ахур ја доби наградата за демократија

Јад Бен Ахур се повлече од политиката, но по револуцијата во Тунис во 2011. година овој правник стана шеф на Комисијата за реформи. За неговиот ангажман во Бон ја доби Меѓународната награда за демократија.

За заслугите на Јад Бен Ахур на манифестацијата на која му беше доделена наградата во Бон зборуваше интендантот на Дојче веле, Ерик Бетерман.

„Со ова ја величаме неговата извонредна улога во преминот од диктатура кон првите слободни демократски избори“, изјави тој.

Посветеност на револуцијата

Јад Бен Ахур најпрво се смееше, кога вечерта на 14. јануари 2011. слушна дека Зине ал Абедин Бен Али ја напуштил земјата. Бен Ахур мислеше дека се работи за нова гласина на Фејсбук. Не можеше да си замисли дека диктаторот, кој 23 години со цврста рака го водеше Тунис, навистина ќе исчезне. Веќе неколку денови подоцна правникот Бен Ахур беше именуван да раководи со експертската комисија, која требаше да спроведе политички реформи. Полн со ентузијазам ја започна работата - во надеж дека во Тунис брзо ќе се создаде демократски поредок.

„Тоа беше спонтана револуција, без харизматичен водач. Таа поттекна од младите. Тие бараа слобода и демократија. Пораката беше: сакаме модернизација. Оваа револуција ја расчисти легендата, дека демократијата е изум на Западот, бидејќи таа настана без никакво мешање однадвор“.

Првично Бен Ахур и неговиот експертски тим имаа намера да го преработат уставот на Тунис. Меѓутоа притисокот од улицата беше голем - требаше да се воспостави нов правен поредок. Демонстрантите и по револуцијата не попуштија и бараа јасно расчистување со минатото. Преодната влада конечно се согласи и во октомври 2011. година граѓаните на Тунис на првите слободни избори на земјата го избраа Уставотворното собрание, кое не беше врзано на одредбите на тимот на Бен Ахур. Гремиумот не напредува со својата работа. Најрано идната пролет ќе биде готов новиот устав. „Првите чекори на демократскиот живот не се секогаш безусловно крунисани со успех. Ние од темел го градиме целиот апарат - ние не сме во една европска земја со демократска традиција, туку почнуваме од нула.“

Tunesien Massendemonstrationen gegen Präsident Zine El Abidine Ben Ali in Tunis

Масовни протести во Тунис против Бен Али (архива)

Политичките размислувања Јад Бен Ахур ги стекна во рани години. Татко му беше синдикалец, исто така правник и освен тоа муфтија на Тунис, исламски поглавар на земјата. Јад Бен Ахур студираше правни науки во Тунис и Париз, каде и докторираше. Неговите браќа и сестри се ангажираат во цивилното општество, но тој лично речиси секогаш се држеше настрана од активната политика. Само откако Бен Али во 1987. година ја презеде власта, тој доби функција во Уставниот суд, од која се повлече во 1992. година поради протест против антидемократските уставни промени. Оттогаш никогаш не сакаше да се врати во политиката. Дури револуцијата го принуди да го смени мислењето. Но сега се чувствува како да е катапултиран назад во времето директно по промената на власта во 1987. година, кога новиот владител на Тунис му ветуваше напредок и слобода.

„Имам впечаток, дека уште еднаш ја доживувам истата ситуација. Во 1987. година верував во декларацијата на Бен Али од 7. ноември. Верував дека Енада денес ќе се придржува до своите ветувања, чесно верував во тоа. Но, во меѓувреме се сомневам. Се надевам, дека брилијантните луѓе кои ги има во партијата, ќе се одделат и ќе формираат демократска исламска партија.“

Исламот и демократијата всушност можат многу добро меѓусебно да одговараат, уверен е Бен Ахор. Тој не сака да ја изгуби надежта, дека неговата татковина Тунис ќе успее на овој пат.