1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бенедикт 16-ти пристигна во Варшава

На варшавскиот аеродром нешто пред 11 часот слета авионот на Ал Италија, со кој во посета на Полска допатува Папата Бенедикт 16-ти

Папата пред полетувањето од Рим

Папата пред полетувањето од Рим

Бенедикт 16-ти беше пречекан и поздравен од полскиот претседател Лех Качински и од примасот на католичката црква во таа земја кардинал Јозеф Глемп. Папата ќе престојува 4 денови во родната земја на неговиот претходник - посетата е замислена како сеќавање на Јован Павле Втори.

Папата веднаш ќе се упати кон Варшава, каде ќе помина и покрај спомениците на востанијата во варшавското гето 1943-та и варшавското востание од 1944-та година. На мисата што Бенедикт 16-ти ќе ја држи утре во полскиот главен град се очекува присуство на еден милион луѓе. До недела поглаварот на католичката црква ќе ги посети манастирот Јасна Гора кај Ченстохов, Краков и Вадовице, местото во кое се роди Карол Војтила, подоцнежниот Папа Јован Павле Втори. Со посебно внимание во меѓународната јавност е регистриран податокот дека в недела Бенедикт 16-ти ќе го посети некогашниот нацистички конценртрационен логор Аушвиц-Биркенау.

Полските весници денеска со големи наслови на првите страници му пожелуваат добредојде на Папата, кому ова му е второ патување во странство од почетокот на неговиот понтификат – првото всушност беше посета на неговата татковина Германија, каде лани во Келн присуствуваше на светскиот собир на католичката младина.