1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бенедикт 16-ти во Минхен

Илјадници луѓе од раните утрински часови се собираат за денешната миса во Минхен што под ведро небо ќе ја одржи папата Бенедикт 16. Поглаварот на римо-католичката црква вчера допатува во втора посета на Германија, пречекан од претседателот Хорст Келер и од канцеларката Ангела Меркел.

Папата Бенедикт 16 во Минхен

Папата Бенедикт 16 во Минхен

Официјално гостинот на аеродромот во Минхен беше поздравен од сојзуниот претседател Хорст Келер. Убедениот протестанат му се обрати на Папата Бенедкт 16 со срдечни зборови:

„Свети оче, добредојдовте во татковината, добредојдовте во Германија. Многу се радуваме што се повторно кај нас. Ваша посебна желба беше за време на оваа посета повторно да го видите вашиот роден крај. Тоа за мене значи нешто посебно, кога највисокиот заштитник на универзалната црква – како што гласи една од вашите титули – се идентификува со своето потекло, со својата татковина„.

Келер посебно укажа на тоа што папата верата ја сфаќа како позитивна опција:

„Тоа го сфаќам како апел до сите религии и конфесии за себеосознавање и себепреиспитување. Ако религијата и верата се инструментализираат за приземни цели, тогаш нешто не е во ред. А, ако се користат за оправдување на војните, тероризмот и планирано убивање, тогаш веќе ништо не е во ред„.

Долго време владееше недоумица како да се карактеризира оваа посета на папата: како посета на Германија или само како патување во бавараската татковина. Или дури како патување што е во знакот на простување? При поздравот Бенедикт 16 мотивот вака го опиша:

„Со треперливо срце стапувам денес за првпат на баварско тло откако седнав на столот Петров. Се враќам во мојата татковина со намера да посетам некои места што во мојот живот имаат особено значење„.

На патот низ Минхен кон централниот плоштад на градот, Мариенплац, според полицијата, беа собрани околу 60 илјади луѓе. Се вееја знаменца и знамиња на покраината во чест на гостинот. На Мариенплац, каде што папата се помоли на столбот на Марија, беа собрани околу 10 илјади луѓе.

Во неговата резиденција во Минхен тој имаше приватна средба во со претседателот Келер, со канцеларката Меркел и со баварскиот премиер Штојбер. Во изјавата потоа, претседателот Келер рече:

„Разговаравме за ситуацијата во Латинска Америка. Беше посебно заинтересиран за економската и социјалната ситуација таму. Посебно интензивно разменивме мислења за односите меѓу христијаните и муслиманите. Бевме единствени дека Германија треба да направи посебни напори и поради интеграцијата на сограѓаните во Германија што се од муслиманска вероисповед„.

И Ангела Меркел соопшти за што разговарала со папата: за екумената, за дијалогот на културите, за Европа и за основните вредности на Европската унија:

„Мислам дека ова е посебен ден за сите што можеа да бидат присутни кога папата ја посетува Германија и специјално Баварија. И што тоа го поврзува со корените на местата, местата на неговите корени. Јас со радост денеска бев овде„.