1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Беназир Буто повторно во куќен притвор

Лидерката на опозицијата во Пакистан,Беназир Буто, во знак на протест поради воведената вонредна состојба во земјата,за првпат побара оставка од претседателот Первез Мушараф.

default

Буто бара оставка од претседателот

Налогот од пакистанските власти стигна по полноќ.По вторпат од воведувањето вонредна состојба пред десет дена,Беназир Буто е во куќен притвор.Повеќе стотици вооружени лица се во и околу куќата во Лахоре во која престојува лидерката на опозицијата.

Полицијата ноќта подигнабарикади и постави бодликави жици околу неа.Властите ја прогласија куќата за затвор,а тука Буто мора да остане седум дена.

„Владата прогласи забрана за собири во Лахоре.Бидејќи постојат закани за безбедноста,протестните мирни маршеви се забранети.Ќе се обидеме да избегнеме употреба на сила“,изјави шефот на полицијата во Лахоре Афтаб Хеема.

Планираниот марш не е откажан

Од извори блиски на Буто се дознава дека таа сакала да го предводи планираниот долг марш на нејзината партија до речиси 300 километри оддалечениот главен град Исламабад.Ако некој се обиде да не спречи,тогаш целата провинција Пенџаб ќе стане бојно поле,се закани портпарол на Буто.А Латиф Коса,пратеник кому му припаѓа куќата каде е сместена Беназир Буто,изјави:

„Планот за маршот останува.Ние ги повикавме нашите приврзеници на протести.Луѓето веќе се собираат насекаде и покрај полициските пречки и забрани.Полицијата ноќеска уапси илјадници партиски членови,претресуваше автомобили и ги одземаше.Целиот Лахоре е опколен.Тоа е лицето на демократијата во Пакистан.“

Опозицијата пред се бара престанок на вонредната состојба и повторно ставање во сила на уставот,како и ослободување на сите уапсени.Претседателот Первез Мушараф на викендот најави парламентарни избори за 9 јануари,но дотогаш сака да ја одржи и вонредната состојба.Со оглед на масовните апсења,забраната на собири и ограничувањето на слободата на печатот,опозицијата смета дека е неможно одржување фер избори.

Расте притисокот врз Мушараф

Во меѓувреме расте и меѓународниот притисок врз Мушараф.Американската влада,како и земјите од Комонвелтот, од него бараат да ја укине вонредната состојба,да ја остави униформата на армиски шеф и да воспостави повторно граѓански права и слобода на демонстрации.За тоа му е даден рок до 22 ноември.Во спротивно,Пакистан ќе биде исклучен од членството на сојузот на поранешните британски колонии.Тоа се случи последен пат по воениот пуч кој го изведе Мушараф во 1999 година.