1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бел фрижидер како млекото внатре

Веќе се навикнавме на тоа кога растат цените на суровините, со прстот да се покажува кон Кина.

default

Кравата е една од реткостите што Кинезите не успеваат да ја копираат

Вниманието потоа се пренасочи кон прехранбените артикли: за време на Велигден, Кинезите беа виновни за недостигот на какаото, а сега и „страшната вест„:„Кинезите ни го пијат млекото„! Што е вистина во тезата за млечниот бум во Кина? Матијас фон Хајм од Пекинг јавува:

Насмеани млади луѓе водат бурен, но истовремено и здрав живот – тоа во Кина се постигнува со млекото. Така, милиони млади луѓе секојдневно можат да ја следат ТВ-рекламата на млечниот концерн Менгниу што значи „Крава што сонува„. Кина е преплавена со реклами кои го пропагираат уживањето во млекото. На чело на колоната, кинескиот премиер Вен Јиабао. При посетата на една млекарница во централно-кинескиот град Чонкинг во април минатата година во книгата на посетителите запиша: „Сонувам секој Кинез, пред се секое дете еден ден да може секој ден да испие половина литар млеко„.

Како што најчесто се случува во оваа земја, ништо не е случајно. Во Пекинг се вели дека Кина треба да ја стигне Јапонија. Просечниот Јапонец во 50-десттите годин беше низок. Тоа што Јапонците во 21-иот век станаа забележливо повисоки, му се припишува на консумирањето млеко. Од тоа се роди и мотото:„Чаша млеко ја прави силна нацијата„.

Во посетениот супер-маркет на пример,се купува млеко, но слоганот не е и познат на оваа купувачка:

„Секој ден пиеме млеко. Секој добива една доза. Тоа го правиме повеќе од 10 години. Но, слоганот не сум го слушнала. Меѓутоа, моето искуство вели дека млекото е добро„.

Толку и за теоријата дека Азијците, а особено Кинезите не поднесуваат млеко. Во меѓувреме, се проценува дека околу 300 милиони Кинези се навикнале да пијат млеко. 12-те милиони кинески крави продизведуваат годишно околу 30 милиони тони. Но, тоа не е доволно. Затоа во странство се купува млеко во прав. Вкупната вредност на купеното млеко во прав во минатата година достигна 500 милиони евра.

Покрај здравствениот имиџ на протеините и калциумот, сегашната побарувачка на млеко има и друга причина: зачестените скандали со храната, во што се вбројува и храната за бебиња. Оттаму, увезените производи се на добар глас. Оваа продавчка уште тврди:

„Ова млеко во прав е најдоброто за децата. Сета содржина е увезена, во тоа можете да бидете сигурни. И многу е поподносливо за системот на варење. Освен тоа го помага развојот на мозокот и видот кај бебињата. Се разбира, млекот е здраво не само за бебињата, туку и за возрасните„.

За бумот на млечниот пазар во Кина меѓутоа, решавачки е поратстот на стандардот: дури од неодамна голем број луѓе воопшто можеа да си го дозволат она што е потребно за млечните пијалаци: фрижидер. Класично бел, како и млекото внатре.